Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
1Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
3Пензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаАнеглов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село, пожарот кај Желино постојано некој го потпалуваНа територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на тромеѓието помеѓу општините Василево, Берово и Радовиш. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во попладневната изјава за медиумите потенцира дека и покрај специфичноста, пожарот не може да загрози ниту едно село. - Денеска досега се забележани повеќе од 12 пожари на отворен простор. Од нив шест се активни, останатите се изгаснати. Од овие шест имаме неколку кои се исклучително тешки за гаснење. Најтешкиот, најспецифичниот пожар е пожарот кој се одвива на планината Готен, на тромеѓето помеѓу општините Василево, Берово и Радовиш. Овој пожар создаде одредена вознемиреност кај населението но, категорично тврдам дека не може да загрози ниту едно село. Од страната на Радовиш, пожарот полека се спушта, се движи споро, во зависност од насоката на ветерот кој релативно често дува на ова подрачје, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Рано утрово таму подолго време дејствувал еден полициски хелихоптер, но без некои значајни резултати. - На лице имаме повеќе од 150 луѓе почнувајќи од локалните пожарникари со поддршка на соседните ТППЕ, повеќе екипи на Национални шуми и локално население. Исто така овде на терен се седум пинцагуери и тоа од страната на Радовиш. Останатите се од беровската страна, рече Ангелов. Поради тешко пристапниот терен фокусот на екипите, како што вели Ангелов, е ставен на пресретнување на овој тежок за гаснење пожар на шумските патишта кој што се протегаат низ оваа планина. - Веќе неколку дена таму работат булдожери кои го чистат патот, го прошируваат за пожарот кој кога ќе дојде кај нив да не може да помине на другата страна. Тежок пожар, како што вели Анеглов, има и кај Желино кој постојано се става под контрола, се гасне, но повторно се пали. - Се поставува прашање, кој е оној кој упорно го потпалува пожарот на територијата на Општина Желино кој денеска се движи во насока на Еребино. Денеска таму дејствува еден Ер Трактор на дирекцијата за заштита и спасување, а упатен е и еден Хермелин и еден БТР на ДЗС, кој што треба да дејствуваат доколку огнот тргне кон Еребино или кон некое од блиските села. На лице место е тетовската ТППЕ поддржана со екипи на Национални шуми, но и локално население, потенцира Ангелов. Третиот пожар е на територијата на Македонски Брод и врз него се дејствува со еден Ер Трактор и со локални сили од земја. Исто така во текот на ноќта изби еден пожар и помеѓу опоштините Кавадарци и Прилеп, и уште едена активен пожар има на територијата на Мариово. На овие пожари дејствуваат локалните пожарникари со поддршка на соседните ТППЕ. -Нашата цел е да не дозволиме ширење на овие тешки за гаснење пожари бидејќи температурата на воздухот е исклучително висока. Дува слаб ветер којшто дополнително помага за брзо ширење на огнот, но високата температура којашто кај нас е околу 40-от и над 40-от степен дополнително го усложнува гаснењето на овие пожари, вели Ангелов. Потсетува на најавата на УХМР дека во текот на утрешниот ден се очекуваат поројни врнежи на целата територија на државата. - Се надеваме дека некои од овие локални врнежи ќе паднат на подрачјата на овие тешки за гаснење пожари, изјави директорот на ДЗС. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
БалканИзбори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад ДодикВо тричленото претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден значаен нов член, а во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.Ова го покажуваат последните информации за резултатите од општите избори во земјата, на кои се бираше власта на државно, ентитетско и на кантонално ниво, пишуваат босанските медиуми..За изборите беа регистрирани повеќе од 3,4 милиони гласачи, кои избираа членови на државното претседателство, државниот парламент, претседател и парламент на Република Српска, парламентот на федерацијата и собранијата на десетте кантони во федерацијата. Најследената трка беше онаа за тричленото претседателство на Босна и Херцеговина.Претседателството ги претставува трите конститутивни народи – Бошњаците, Србите и Хрватите – со по еден член избран од секоја од трите изборни единици. Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаПратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалогНастанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси. Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа. На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества. Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции. Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности. Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници. На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири. Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици. Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби. На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите. Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата Фискалниот совет ја презентираше одржливоста на пензискиот систем, со особен осврт на вториот столб. Според Благица Петрески од Фајнаенс Тинк, перманетното намалување на придонесите во фондот,зголемување на пензиите и демографијата која го опфаќа засиленото иселување на работоспособното население придонесуваат за неодржливост на пензискиот фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54