Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција - Канал 5

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата.

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК Никос Андрулакис за време на прес-конференцијата на Меѓународниот саем во Солун.

Андрулакис го повтори она што го порача синоќа за време на говорот на саемот дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, истакнувајќи дека оваа промена повинува преку ПАСОК затоа што „партијата има конкретна програма, за јавното образование, за јавното здравство“, но и нагласи дека е време „Нова демократија да биде поразена и да замине во опозиција“.

- Победа на ПАСОК на изборите значи политичка промена. Победа на ПАСОК, дури и еден глас повеќе да имаме од Нова демократија, значи дека ќе можеме да направиме нешто поинаку. Победа на ПАСОК значи победа за вас. Не можеме да продолжиме по истиот пат. Размислете што ќе значи за земјата еден трет четиригодишен мандат на Мицотакис со нивната досегашна политика. Да дејствуваме пред да биде доцна. Нема време за губење, следните избори се критични за земјата. Ова го велам за оние кои се разочарани и одбираат да не гласаат. Верувајте му нашиот план, порача Андрулакис.

Објасни дека потребна е промена на начинот на кој функционира државата, да се зајакнат институциите, бидејќи „јадрото на промените започнува од самата држава“.

Нагласи дека програмата на ПАСОК е подготвена од членовите на партијата, а тој лично, како што истакна „нема спонзори и не претставува ничии интереси“.

За мигрантското прашање објасни дека грчкиот народ има две искуства, едно од претходната Влада на СИРИЗА, другото од сегашната.

Едното, рече дека е по логиката „кој сака да дојде, нека дојде“, другата е на актуелниот министер за миграција и азил кој воведе строги мерки.

- Ние не треба да избереме меѓу „морето нема граници“ или Плеврис. Има и трета опција. Легални мигранти и легална миграција да може да има интеграција на овие луѓе. Грчкиот народ сака нормална миграција, ниту она што се случи во 2015, ниту сега. Ние велиме златна средина, да се реши проблемот со севкупна мигрантска политика. За ова потребна е инвестиција во билатерални договори, посочи Андрулакис.

Во надворешната политика нагласи дека Грција треба да биде протагонист и на Балканот и на Блискиот Исток, додека пак за грчко-израелските односи рече дека „стратешкиот однос со Израел не значи и соучество“, објаснувајќи дека израелскиот премиер Нетанјаху треба да одговара пред Меѓународниот суд во Хаг и рече дека со формирање Палестинска држава ќе се ограничи национализмот.

Одговарајќи на новинарско прашање за ЕУ перспективата на Западен Балкан и на Албанија, како што објави МИА Андрулакис посочи дека на Европа ѝ е потребно проширувањето, особено во моменталната геополитичка средина но земјите кандидатки треба да ги исполнат поставените услови.

Прес-конференцијата на лидерот на ПАСОК траеше нешто помалку од три часа, а Андрулакис одговори на околу 40 прашања поврзани со актуелни теми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Елеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети.

„Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини.

Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани.

Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер