ТехнологијаАндроид ја добива „eSIM“ функција која веќе ја има на „iPhone“Телефоните со „Android“ наскоро може да добијат функција која ја претвора физичката „SIM“ во „eSIM“, која веќе е забележана во „Android 4“ бета верзијата.Физичките „SIM“ картички се повеќе се заменуваат со „eSIM“, а брендовите како „Apple“ и „Google“ веќе ја користат технологијата во своите телефони. Моделите на „iPhone“ ви дозволуваат дури и да конвертирате традиционална „SIM“ во „eSIM“, функција која сè уште не е достапна на уредите со „Android“. Сепак, се чини дека „Google“ работи на функцијата „Конвертирај во eSIM“, која беше забележана во изработката на „Android 14 Developer 1“ на платформата, но сè уште не станала дел од стабилниот софтвер „Android 14“. Сега повторно се појави во најновата верзија на „Android 14 QPR 2 Beta 3“. Иако „eSIM“ е поддржана на повеќето телефони со „Android“ од високата класа, тие не нудат опција за конвертирање на физичка „SIM“ во „eSIM“. Дебатата за „eSIM“ наспроти физичка „SIM“ доведе до различни реакции меѓу корисниците. Некои јасни предности што ги носи „eSIM“ вклучуваат тоа што не може физички да се оштети или да се дуплира. Нивната мала големина може да им овозможи на производителите да додадат дополнителни компоненти и да имплементираат водоотпорност на уредите, бидејќи нема отвори што ги бара физичкиот слот за „SIM“. Сепак, има и голем недостаток. Ако сте навикнати да ја менувате вашата „SIM“ картичка помеѓу различни уреди, „eSim“ ќе го отежне тој процес. Наместо едноставно да ја вметнувате картичката, ќе мора да поминувате низ процес на активирање секој пат кога менувате „eSIM“-картички на телефоните. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ФудбалВинисиус сака да остане во Реал Мадрид Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид. Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регионПродолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари. Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој. Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро. Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20