Андријана Цветковиќ нов програмски директор на Интернационалниот филмски фестивал во Токио - Канал 5

Андријана Цветковиќ нов програмски директор на Интернационалниот филмски фестивал во Токио

Цветковиќ, која има докторат по филмска уметност од Универзитетот Нихон во Токио, беше првиот македонски амбасадор во Јапонија (2014-2018) и член на жирито на TIFF во 2021 година.

Андријана Цветковиќ нов програмски директор на Интернационалниот филмски фестивал во Токио

На 37. Токијски Интернационален филмски фестивал (TIFF) што ќе се одржи од 28 октомври до 6 ноември, оваа година по прв пат ќе биде лансирана нова натпреварувачка категорија посветена на филмови креирани од женски режисери и фокусирани на приказни во кои главна улога имаат жените. На чело на оваа иницијатива е д-р Андријана Цветковиќ, македонска жена лидер во полето на дипломатијата, претприемништвото и кинематографијата.

Цветковиќ, која има докторат по филмска уметност од Универзитетот Нихон во Токио, беше првиот македонски амбасадор во Јапонија (2014-2018) и член на жирито на TIFF во 2021 година. Од оваа година таа е назначена за еден од трите главни програмски директори на фестивалот, при што и е доверена одговорната задача со своето длабоко познавање на филмската уметност, социјалните теми поврзани со родовата еднаквост, да ја обликува насоката на новата програма.

Таа моментално служи како специјален советник на министерот за култура на Јапонија Шун Токура, што дополнително го зацврстува нејзиниот статус како клучна фигура во креирањето на фестивалските политики и дискурсот на културната дипломатија.

-Со години наназад, филмскиот екран беше доминиран од приказни раскажани од претежно машка перспектива, со што публиката беше ограбена од можноста да навлезе подлабоко во некои аспекти на човековата природа. Но, со развојот на дигиталната технологија, филмското производство стана подостапно, што доведе до пораст на бројот на жени режисери, камермани, сценаристи и протагонисти. Оваа година, програмата на Токио Интернационалниот Филмски Фестивал (TIFF) дава можност на овие нови гласови во филмот, славејќи ги нивните различни приказни и придонеси во светот на кинематографијата, изјави Цветковиќ за новата филмска категорија на TIFF.

Новата програма на TIFF се очекува да привлече меѓународно внимание, особено што сите поголеми светски медиуми од Variety, ScreenDaily, Hollywood Reporter, и други веднаш ја пренесоа веста, дополнително зацврстувајќи ја улогата на фестивалот како платформа за промени во филмската индустрија.

Цветковиќ ја има тешката задача да избере седум од стотици филмови кои аплицирале да бидат дел од овој фестивал, кој е воедно фестивал од А категорија и е еден од најголемите и најпрестижните во светот. Дополнително, ќе се одржат симпозиум и специјална проекција со тематска дискусија кои ќе ги истражат улогите на жените во кинематографијата. Целосниот список на филмови ќе биде објавен кон

крајот на септември, кога ќе биде презентирана целосната програма на TIFF.

Оваа значајна иницијатива претставува уште еден чекор напред во посветеноста на TIFF за родова еднаквост. Во 2021 година, TIFF стана првиот филмски фестивал во Азија што се приклучи на Collectif 50/50, меѓународна организација посветена на промоција на родова еднаквост во филмската индустрија.

Цветковиќ е глобално етаблирана како личност со особен придонес во промоцијата на женената во опшеството и лидерството. Во 2021 година, таа ја доби престижната награда WIN Worldwide Inspiring Woman Award, од светска организација за унапредување на жените WIN со седиште во Женева, основана во 1997 година. Освен македонски амбасадор во Токио Цветковиќ исто така била директор за Северна Азија

за Групацијата Економист (The Economist Group), беше член на Управниот одбор на Британската стопанска комора во Јапонија, професор на Кјото Универзитетот и директор на бордот на повеќе мултинационални компании. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ "Васил Главинов", создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација.

Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции.

Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност.

Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции.

Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом, објави на ФБ градоначалникот Марко Колев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.

„Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“

Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.

Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Три лица загинаа во пукотница што се случи вчера навечер на Исла Кристина на југот на Шпанија, а четвртото лице е во критична состојба.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, пишува Euronews.

Според локалните медиуми, мажот се возел со мотоцикл до семејната куќа во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени лица биле пронајдени на улица, а четвртото лице, кое било тешко повредено, било пренесено во болница.

Истрагата е фокусирана на семејна одмазда

Истражителите го поврзуваат случајот со конфликт меѓу две семејства што започнал во септември минатата година, кога еден маж бил убиен во Хуелва. Трите жртви од пукањето во неделата се поврзани со осомничениот за тоа убиство. Станува збор за неговата сестра, мајка и внук.

Двете семејства оттогаш имаа неколку насилни судири, а едно пукање веќе е регистрирано во истата област во Исла Кристина. Затоа, главната претпоставка на полицијата е дека нападот бил чин на одмазда за тоа убиство.

Цивилната гарда и локалната полиција во поширокото подрачје спроведуваат обемна потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство. На терен се распоредени силни полициски сили, а истрагата продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер