Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“ - Канал 5

Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“

 Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“. Филмот е меѓународна копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката еки

Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“

Филмот ќе се снима до крајот на мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија,соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.

Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска.

Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана

Како што соопштува продуцентот Елена Станишева, филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат четири жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ - Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска.

Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамки на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на Torino Film Lab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и националните фондови на земјите копродуценти на филмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 јули се потребни дозволи за движење низ шуми

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето.

Од 1 јули  се потребни дозволи за движење низ шуми

Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење и намалување на ризикот од шумски пожари во летниот период.

Мерката доаѓа во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари, а надлежните апелираат на внимателност и одговорно однесување.

Министерството за земјоделство претходно информираше дека ограничувањето ќе важи од 1 јули до 31 август 2026 година, согласно Законот за шумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Благодарение на „Безбеден град“, бројот на загинати во сообраќај со пад од 40 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, а во обраќањето се осврна и на проектот „Безбеден град“.

Благодарение на „Безбеден град“, бројот на загинати во сообраќај со пад од 40 проценти

За истиот, Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење.

Проектот опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите 8 и 10 и негово проширување на национално ниво, преку воведување современи технологии за видео надзор и автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци.

‒ Особено значајни се првичните резултати од функционирањето на системот. Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година. До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, истакнува министерот за внатрешни работи.

Со предвидената динамика, до крајот на 2026 година се очекува проектот „Безбеден град“ да биде целосно имплементиран на територијата на државата, опфаќајќи ги поголемите градови и главните патни правци, со што ќе се постават темелите на модерен, ефикасен и превентивно ориентиран систем за заштита на безбедноста на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Бележиме најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Министерот Панче Тошковски презентираше двегодишен отчет.

Тошковски: Бележиме најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство.

Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи најниското ниво на криминалитет во последните 20 години, како резултат на посветена и континуирана работа на полициските службеници и институциите.

Во изминатиот период беа сузбиени над 30 организирани криминални групи, запленети се 6,2 тони разновидна наркотична дрога, при што заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 проценти, а од нелегален промет се отстранети над 550 парчиња оружје. Воедно, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 проценти, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 проценти.

Посебен акцент беше ставен на проектот „Безбеден град“, кој, како што беше истакнато, по долгогодишни најави конечно е реализиран и ставен во функција. Во првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, односно се регистрирани 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период минатата година.

Во делот на меѓународната соработка, министерот Тошковски информираше дека денеска ќе биде потпишан договорот со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички активности за гранична контрола. Со тоа се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со сите соседни држави кои не се дел од Шенген зоната, по претходно воспоставените системи со Република Србија и Република Косово.

Министерот се осврна и на инвестициите во идните генерации полициски службеници, потенцирајќи дека по долг временски период повторно се воспоставува Средното полициско училиште, при што првата генерација ученици ќе започне со настава од 1 септември оваа година.

Воедно, во изминатиот период беа отворени нови канцеларии за управни работи во повеќе општини каде што претходно немало вакви услуги, а значителен дел од потврдите и уверенијата граѓаните денес можат да ги добијат електронски, без чекање и без дополнителни административни процедури.

На крајот од обраќањето, министерот Тошковски истакна дека постигнатите резултати претставуваат силна основа за продолжување на реформските процеси и понатамошно јакнење на институционалните капацитети, нагласувајќи дека пред Министерството остануваат уште многу предизвици и работа во насока на обезбедување сигурност, стабилност и владеење на правото, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер