Андреј не ги чека комуналните служби- ги засука ракавите и сам го уредува Скопје - Канал 5

Андреј не ги чека комуналните служби- ги засука ракавите и сам го уредува Скопје

Додека повеќето од нас само минуваат покрај запуштените тревници и полупразните жардињери, еден млад човек реши сам да ги засука ракавите и да даде боја на скопското сивило.. 

Андреј не ги чека комуналните служби- ги засука ракавите и сам го уредува Скопје

Зад виралниот профил на социјалните мрежи насловен „градинарот“ стои 25-годишниот Андреј Рајатоски, кој инспириран од странски креатори кои снимаат слична содржина, но пред се и од лошата состојба со хигиената и одржувањето на зелените површини во градот, решава урбаната запуштеност да ја претвора во мини-оази.

„ Инспирацијата главно ја добив преку странски креатори на слична содржина кои што снимаат уредување на катчиња од јавен простор но исто така и приватни имоти. Главната инспирација ми е од тие луѓе и состојбата во која што ни се наоѓа градот видов дека има доста материјали за снимање така да решив да почнам и еве излезе добро. Воглавно се позитивни и коментарите и пораките кои што ги добивам од луѓето, сум на сите социјални мрежи активен, сите коментари од луѓето се позитивни, подржувачки и се надевам дека ќе остане така.“

Андреј вели работи самостојно и без финансиски надомест – единствено мотивиран од поддршката што ја добива од неговите следбеници. Алатот си го набавил сам, а вештината ја стекнал работејки во дворот во својата куќа.

„ Немав кој да ми покаже. Јас сум пораснат во куќа со двор каде што сум работел доста физичка работа, со доста алат така да лесно се најдов во целата работа..Целиот алат си го купив пред да започнам бидејки сето ова ми беше на некој начин планирано, меѓутоа сега за сега немам некој извор на приход, единствено морам да кажам имам линк отворено за донации каде што луѓе кои што сакаат да ме подржат донираат преку тој линк и воедно сакам да се заблагодарам на сите тие луѓе кои што имаат донирано до сега.“

Неговата работа Андреј ја доживува како уметност, па упатува порака дека на таков начин треба да размислуваат и надлежните институции. Тој се надева дека неговите активности се инспирација за секој од нас, порачувајки дека секој може да биде „градинарот“ на својата улица.

„Јас искрено се надевам дека со оваа работа и со овие видеа ги инспирирам барем луѓето што треба да ја работат оваа работа бидејки се надевам дека му доловувам дека ова е на некој начин уметност. Да си ја чуваме животната средина..Најмалку што можат луѓето е барем да не загадуваат самите од себе.“

За сега Андреј ги уредува локациите во близина на својот дом во општина Аеродром, но најави дека ќе ги прошири и на пофреквентни локации низ градот. Цел му е градинарството да стане негова професија, но вели дека ниту тогаш нема да престане со добротворните акции низ градот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во близина на Канарските острови е пронајден брод со 14 безживотни тела на мигранти

Телата на 14 мигранти беа пронајдени откако брод со околу 100 луѓе беше запрен во близина на шпанските Канарски Острови, соопшти Службата за поморско спасување.

Во близина на Канарските острови е пронајден брод со 14 безживотни тела на мигранти

Шест лица во сериозна состојба беа префрлени во болница со хеликоптер, објави денес шпанската новинска агенција EFE.

Бродот, кој беше откриен 39 наутички милји (72 километри) јужно од островот Ел Иеро, беше однесен во пристаништето Ла Естака.

Се додава дека 84 преживеани мигранти биле однесени во пристаништето Ла Рестинга на островот, каде што се наоѓаат центар за прием на мигранти и болница.

Регионалниот лидер Фернандо Клавихо напиша во објава на Ix дека чувствува болка и беспомошност поради новата трагедија, барајќи одговор од шпанската влада и Европската комисија.

„Хуманитарната криза не започнува во Ел Иеро, туку на бреговите на Сенегал и Гамбија, каде што мора да дејствуваме“, рече тој.

Пристигнувањето на мигранти на Канарските Острови се забрза од октомври, достигнувајќи рекордни 2.100 луѓе во еден ден на 25 ноември, при што мнозинството пристигнаа на островот Ел Хиеро, дом на 11.400 луѓе. Илјадници мигранти се обидуваат да го преминат Атлантикот во нелегални чамци секоја година, борејќи се со бурното море и силните струи за да стигнат до шпанска територија, а нивниот врв обично достигнува на есен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jazz Factory Festival на 22. Фестивал на словенечкиот џез: Живата музика во следните десет години

Како ќе изгледа концертната сцена на иднината? 

Jazz Factory Festival на 22. Фестивал на словенечкиот џез: Живата музика во следните десет години

Каква перспектива ги очекува џезот и независните музички фестивали во регионот и низ Европа во следната деценија? И како да се зачуваат најважните вредности на живата музика – непосредноста, слободата и автентичната енергија што се создава во директниот контакт меѓу музичарите и публиката?

Ова беа дел од прашањата за кои се дискутираше во рамките на 22. Фестивал на словенечкиот џез (FSJ), на меѓународната тркалезна маса со наслов „Жива музика за десет години“, одржана во Корошката централна библиотека „Д-р Франц Сушник“ во Равне на Корошкем, Словенија.

Средбата обедини истакнати организатори и програмски директори на европски џез и независни музички фестивали, кои преку размена на искуства и различни перспективи разговараа за предизвиците и можностите што ја очекуваат современата музичка сцена.

Посебно внимание беше посветено на променливите навики на публиката, влијанието на технологијата и вештачката интелигенција врз концертното искуство, одржливото финансирање на фестивалите, меѓународната соработка и потребата да се зачува автентичноста на живата музика.

Меѓу учесниците беше и Сашо Поповски, претставник на Jazz Factory Festival, кој ги сподели искуствата од развојот на фестивалската и џез-сцената во нашата земја.

Учеството на Jazz Factory Festival на вакви меѓународни средби е значајно и за промоцијата на Битола и Општина Битола како активни чинители во развојот на современата култура, џез-музиката и меѓународната културна соработка. Во овој процес особено значајна е поддршката на локалните институции, како и поврзувањето со образовните и културните центри во земјата.

Важна улога во развојот на македонската џез-сцена има и Џез-одделот при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД), кој преку образованието, едукацијата на нови генерации музичари и поттикнувањето на креативноста придонесува за континуитетот и иднината на џез-културата во Македонија.

На тркалезната маса учествуваа:

Сашо Поповски – Jazz Factory Festival (Македонија)

Драган Влајниќ – JazzFestival Kikinda (Србија)

Богдан Бенигар – Festival Druga godba (Словенија)

Роби Јамник – Jazz Ravne (Словенија)

Игор Вида – Are You Free? Music Festival (Словачка)

Винко Михајловиќ (Wins Meahalowich) – Petrovac Jazz Fest (Црна Гора)

Ваквите средби уште еднаш потврдуваат дека иднината на независната музичка сцена се гради преку соработка, меѓусебна поддршка и отвореност кон нови идеи. Без разлика на тоа како ќе се менуваат фестивалите и концертните формати во наредните десет години, живата музика ќе го задржи она што ниту една технологија не може да го замени – непосредната средба меѓу уметниците и публиката, заедничката емоција и неповторливата енергија на моментот.

Битола, преку својата фестивалска активност, културните институции и соработката со академската заедница, продолжува да биде дел од пошироката европска музичка приказна, градејќи мостови преку џезот, образованието, културата и меѓународната соработка, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ ги загрижи фановите, навивачите на Денвер се смрзнаа (ВИДЕО)

Вредна победа на почетокот на НБА сезоната, но не и во НБА Купот, забележаа Денвер Нагетс, кои беа подобри од Јута Џез со 120:107 како гости претходната вечер.

Никола Јокиќ ги загрижи фановите, навивачите на Денвер се смрзнаа (ВИДЕО)

Вредна победа на почетокот на НБА сезоната, но не и во НБА Купот, забележаа Денвер Нагетс, кои беа подобри од Јута Џез со 120:107 како гости претходната вечер, на крилата на одличниот Џамал ​​Мареј, но и Никола Јокиќ, кој одигра одлична игра во последната четвртина.

До 11-то славје од оваа сезона, Канаѓанецот ги предводеше Нагетс со 36 поени, го прекина натпреварот со серија од 12:0 на самиот крај, а Јокиќ му помогна во тоа, бидејќи го заврши дуелот со 17 поени, девет скока, но и, најважно, 15 асистенции.

Српскиот кошаркар шутираше лошо за два поени, а во еден момент ги замрзна срцата на сите навивачи на тимот од Колорадо. Имено, центарот падна на подот и го зграпчи за ногата со извици.

Болната гримаса беше исто така видлива, и сè се покажа во ред на крајот кога неколку пати ја затресе ногата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер