3Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураАндреј Медиќ Лазаревски добитник на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијатаПесната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, за најдобра песна од млад автор прочитана на „Струшките вечери на поезија“, што Фестивалот ја додели ноќеска по свеченото затворање.Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертекстуалната игра. - Повикувајќи се на светскиот класик „Алиса во земјата на чудата“, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски храбро и софистицирано води дијалог со себеси и светот, преиспитувајќи ги своите внатрешни лавиринти низ неконвенционални и свежи поетски слики. Низ стиховите авторот успева да изгради култивирана визура во сопствениот лирски и филозофски дискурс. Песната нѐ води низ еден специфичен имагинарен времепростор, во кој авторот успева да дополнително да ги очуди познатите симболи, давајќи им нова смисла и семантичка сила, стои во образложението на жири-комисијата. Преку патувањето низ универзалните егзистенцијални траектории низ светот на имагинарното и реалното, авторот, како што е наведено, на места иронично и пркосно, нѐ повикува на нови преиспитувања, читања и преобмислувања на светот на дуалностите во кој е заробен. Неговиот императив не е да пишува за она што е присутно и видливо, туку да го артикулира и трансцендира она што интуитивно го пренесува од „другата страна“, во една нова метафизичка димензија. Фестивалската програма завршува денеска со Меѓународен поетски митинг на платото на Музејот на современа уметност во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусите ненадејно ја откажаа големата воена прослава на Црвениот плоштад во Москва Голем фестивал на воена музика во Москва е откажан четири дена пред планираниот почеток, објавија организаторите на Телеграм. Овогодинешниот фестивал требаше да трае од 21 до 30 август. Раскошниот настан познат како Меѓународен фестивал на воена музика „Спаскаја кула“ привлекува илјадници посетители и собира десетици воени оркестри во центарот на Москва, на Црвениот плоштад, во близина на Кремљ. Настанот, кој беше започнат во 2007 година по наредба на претседателот Владимир Путин, е еден од најпознатите руски настани посветени на војската, заедно со парадата за Денот на победата на 9 мај во Москва и прославата на Денот на морнарицата во Санкт Петербург. Фестивалот „Спаскаја кула“ досега е откажан само еднаш, во 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот. „Настанот е одложен поради околности надвор од контрола на организаторите“ Во раните години од фестивалот, учествуваа воени оркестри од Европската Унија, Австралија и Канада, но бројот на меѓународни учесници се намали откако Русија започна целосна инвазија на Украина во 2022 година. „Настанот е одложен до 2027 година поради околности надвор од контрола на организаторите“, објави Телеграм каналот на фестивалот. Откажувањето се случи во време на зголемени украински напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во ноќта од сабота кон недела, украинските сили извршија еден од најголемите напади врз Москва во последните месеци, при што повеќе од 600 беспилотни летала беа испратени во руската престолнина и околниот регион, според руските власти. Нападите, кои според руските медиуми, исто така, беа насочени кон објектите на „Вајлдберис“, голема руска онлајн продавница, како и логистички магацини, предизвикаа големи пожари, а едно лице беше убиено. Порано во јуни, Кремљ откажа уште еден настан на Црвениот плоштад во Москва, концерт по повод Денот на Русија. Парадата по повод Денот на победата на 9 мај се одржа во намален обем и за прв пат по речиси 20 години без тешка воена опрема.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
АвтомобилизамНовиот Брабус нема покрив, но има цена повисока за 77.000 евра (ФОТО)Откако Brabus го изненади светот со моделот Bodo, од работилницата на тјунерот пристигнува уште еден новитет, верзија на моделот без покрив.Bodo се покажа како хит. Јавноста го сака, а и професијата го кажа своето со доделувањето на наградата за дизајн Red Dot. Сега доаѓа уште поатрактивна верзија, новиот Brabus Bodo Cabriolet, чија премиера беше на 14 август на настанот The Quail за време на Неделата на автомобили во Монтереј. Овој модел исто така носи 1000 КС, целосно карбонска каросерија, но и цена од повеќе од еден милион евра. Bodo Cabriolet е отворена верзија на моделот Bodo Hyper-GT и уште еден проект на Брабус за градење каросерии. Како и во случајот со претходното купе, архитектурата на шасијата и кабината на Aston Martin Vanquish Volante служеа како техничка основа, но автомобилот доби целосно нова каросерија од карбонски влакна и темелно преработен V12 мотор. V12 со 1000 КС Под долгата карбонска хауба се наоѓа 5,2-литарски V12 битурбо мотор, сместен напред зад предната оска. Brabus го преработи моторот со нови компоненти и свои поставки за да го постави максимумот на 1000 КС и 1200 Nm вртежен момент. Моќта се испраќа до задните тркала преку осумстепен автоматски менувач, а има и диференцијал со ограничено лизгање. Како што се очекуваше, купето Bodo нуди истото. Brabus тврди дека произведува 1000 КС при 6400 вртежи во минута и електронски ограничен вртежен момент од 1200 Nm за својот рачно изработен V12. Тароријата на кабриолетот е целосно изработена од карбонски влакна во фабриката на Brabus во Ботроп. Сувата тежина е 1774 килограми, што е одличен резултат за автомобил кој е долг 5062 mm, широк 2027 mm и висок 1303 mm. Активна аеродинамика и 22-инчни тркала Bodo Cabriolet вози на 22-инчни Brabus Monoblock Z-GT бандажи и е опремен со активни аеродинамични елементи. На предната страна има интегриран карбонски спојлер, додека на задната страна има електрично управувано крило. Сличен систем користи и купето, каде што задниот спојлер автоматски се прилагодува на брзината и аеродинамичните барања, а може да служи и како воздушна сопирачка при силно сопирање при големи брзини. До 100 км/ч за три секунди Според Brabus, Bodo Cabriolet забрзува до 100 км/ч за 3,0 секунди, додека му се потребни 23,9 секунди за да забрза до 300 км/ч. Максималната брзина е електронски ограничена на 360 км/ч. За споредба, купето Bodo нуди исти перформанси. Само 77 примероци Brabus наведува дека производството ќе биде ограничено на 77 примероци низ целиот свет, при што оваа бројка е поделена помеѓу купето и кабриолетот. Ова значи дека бројот на произведени примероци со отворен покрив ќе биде уште помал. Бројот 77 не е случајност. Тој потсетува на годината 1977, кога Бодо Бушман го основал Brabus. Самиот автомобил е создаден како реализација на долгогодишната идеја на Бод за голем, моќен и луксузен Gran Turismo, па затоа моделот денес го носи неговото име. Извршниот директор на Brabus, Константин Бушман, го опишува Cabriolet како автомобил направен според индивидуалните желби на клиентите и проект дизајниран во секој детаљ на начинот на кој неговиот татко Бодо би сакал да го вози. Повеќе од милион евра Ексклузивноста е придружена со соодветна цена. Почетната цена на Bodo Cabriolet е 1.077.000 евра, односно 77.000 евра повеќе од купето. Да кажеме и дека моментално рекламираната копија од купе верзијата во Германија чини 1.371.832 евра со вклучен ДДВ.Тагови: Брабус покрив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСДСМ: Вучиќ преку Орбан ги купи последните слободни медиуми во Србија - На ред е МакедонијаКако што најавивме уште пред два месеца - во тек е постапка за воведување целосен медиумски мрак во Србија и Македонија.Денес Вучиќ, преку Орбановата мрежа, ги презеде последните слободни српски медиуми: Н1, Нова С, Радар, Форбс Адриа, Данас… Купувач е португалската инвестициска група Alpac Capital (преку луксембуршкиот фонд European Future Media Investments). Сопственикот Педро Варгас Сантос Давид денес е веќе впишан како директор на сите тие медиуми, а досегашните директори се сменети. Кој е Педро Варгас Давид? Неговиот татко Марио Давид бил долгогодишен советник и близок соработник на Виктор Орбан. Александар Вучиќ лично го нарече „пријател“. Истата Alpac Capital уште во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews. Дел од парите (околу 45 милиони евра) дојдоа преку унгарски државен фонд близок до Орбан. Истата мрежа е поврзана и со 4iG - компанијата која веќе ја гради инфраструктурата за медиумска контрола. Истата компанија која дојде преку Орбан до Мицкоски. Компанија чии договори со унгарската држава од времето на Орбан сега се под ревизија поради сомнежи за злоупотреба на јавни средства. Воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар сега станува многу појасно. И единствената средба на Мицкоски за време на неговото туристичко патување во Давос - токму со нив. Ова е истиот модел што се подготвува и за Македонија. Кај нас Орбан веќе контролира околу 40 % од медиумскиот пазар преку ВМРО-мрежата. Сега се подготвува влез на медиумите на „српскиот свет“ - медиумите на Вучиќ. Мицкоски нема резултати. Нема пари во буџетот. Потребни му се медиуми како заштита на неговата криминална власт. Единственото што му преостанува е да го стави под своја контрола и медиумскиот простор, откако веќе целосно ги презеде правосудството и полицијата. А Вучиќ, кој управува со ВМРО и со Мицкоски, ја воведува Alo-групата и Euronews-моделот. Латас е задолжен за уредувачкиот дел. Ивона Талевска за Вучиќевиот Euronews. Целта е јасна: целосна контрола на информативниот простор пред избори. Медиумски мрак. Без слободни медиуми. Без критика. Без вистина. Ова не е купување медиуми. Ова е купување на јавниот простор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook