3Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
КошаркаАндреевски: Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласманСелекторот на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Горан Андреевски, ги искажа своите очекувања во пресрет на почетокот на Европско првенство во Белград.- И покрај тоа што сме свесни за нашите слабости, ние не одиме на Европското првенство со кренато бело знаме, ниту да се прошетаме во Белград. Одиме максимално мотивирани во секој натпревар, со цел да пружаме квалитетни партии и да бидеме рамноправен противник со сите. Тука не сме да се предаваме предвреме како во минатото. Напротив, размислуваме за победа на секој натпревар. Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман. И покрај тоа што имаме најмлада репрезентација на првенството, во која дури осум играчи се 2008 годиште, ќе се обидеме со добра игра, да ги натераме противниците да нè респектираат како што ние ги респектираме, изјави Андреевски. Ова е единствената од нашите национални селекции кои ова лето се дел од елитната конкуренција. На ЕП Дивизијата „А“ во Белград, Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со репрезентациите на Литванија, Грција, како и домаќинот на овој собир, селекцијата на Србија. Првенството ќе игра во периодот од 26 јули до 3 август. Македонија денес од 16 часот во првото коло ќе се соочи со Литванија. Тагови: Кошаркарската Федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуски дрон удри во бензинска пумпа во Киев, повредени три лица (ВИДЕО)Бензинска пумпа во областа Холосиевски во Киев беше погодена во напад од руски дрон.Во пожарот што следеше, три лица беа повредени, а еден автомобил беше уништен. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди бројот на повредени и додаде дека тие добиваат медицинска помош, пишува Киев Пост. Напад во областа Холосиевски Станицата во сопственост на државната нафтена и гасна компанија Укрнафта се наоѓа во близина на трговскиот центар Республика Парк. Пожарникарите брзо го изгаснаа пожарот на станицата и на автомобилот што се запали. Локалните канали објавија видеа од местото на настанот на кои се гледа густ чад. Иако првите информации велеа дека дронот паднал во близина на станицата, подоцнежните снимки укажуваат дека станува збор за директен удар. Градоначалникот Кличко претходно објави дека службите за итни случаи се испратени на локацијата по пријавите за жртви. „Повикана е брза помош во областа Холосиевски во Киев. Според прелиминарните информации, има жртви. Службите за итни случаи се на пат“, рече Кличко. ⚡️Moment of a drone strike on a gas station in Kyiv. Warning, the video contains profanity. 👉 Follow @blyskavka_ua pic.twitter.com/2jiFRxrCMF — BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) September 10, 2026 Поширок воздушен напад врз Киев Нападот врз бензинската пумпа беше дел од утринскиот руски напад со беспилотни летала врз Киев и околината. Мониторинг каналите го регистрираа леталото над неколку делови од регионот на Киев и самиот главен град, вклучувајќи ги Бровари, Бориспиљ, Вишњеве, Бојарка, Видубичи, Теремки, Свјатошин, Соломијанскиот округ и северниот дел на Киев. Локалните канали на Телеграм претходно предупредија дека руските сили би можеле да ги таргетираат цивилните бензински пумпи во главниот град. There are reports that a Russian drone hit a petrol station in south-western Kyiv. Video: Kyiv Info Telegram channel. pic.twitter.com/WYACqzYFix — Kyrylo Loukerenko (@K_Loukerenko) September 10, 2026 Ноќни напади Според прелиминарните податоци од украинските воздухопловни сили, Русија лансираше вкупно 149 дронови за напад во Украина преку ноќ. Во нападот беа користени беспилотни летала „Шахед“ и „Гербера“ и мамки „Пародија“. Во извештајот на воздухопловните сили се наведува дека украинската воздушна одбрана соборила или неутрализирала 128 авиони до 8 часот наутро. Извор: Индекс.хрТагови: дрон Киев напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПретставен преклопливиот „iPhone“, „Samsung“ со низа коментариПо години исчекување, „Apple“ вчера конечно влезе во светот на преклопливите паметни телефони со „iPhone Duo“ од 1.999 долари.Но, прославата не траеше долго без жестоката конкуренција – „Samsung“ веднаш се појави на социјалните медиуми за да се потсмева на доцното пристигнување на „Apple“ на пазарот што производителите на „Android“ го развиваат со години. Со години, маркетиншката стратегија на „Samsung“ имаше едноставна цел да се потсмева на „iPhone“: „Apple“ немаше преклоплив уред. Секое ново лансирање на „iPhone“ беше можност да се потсети јавноста дека „Galaxy“ веќе нудеше формат што „Apple“ постојано го избегнуваше. Сега кога „Apple“ конечно го има својот преклоплив телефон, „Samsung“ едноставно ја промени тактиката. Was there range? No. Was it exciting? No. Did it happen? Yes.#ItsTimeToSwitch — Samsung Mobile US (@SamsungMobileUS) September 9, 2026 Брзиот одговор на „Samsung“ За време на официјалното објавување, „Apple“ го опиша својот „iPhone Duo“ како уред што се чувствува „сосема нов, но неверојатно познат“. Канадската дивизија на „Samsung“ ги користеше токму тие зборови. Објавата што го прикажува „Galaxy Fold“ гласи: „Имитацијата е најискрената форма на ласкање“, а насловот го повторува слоганот на „Apple“. Со тоа, „Samsung“ не само што вели дека бил прв, туку и го користи наративот на „Apple“ како доказ дека „Apple“ влегува во територија што „Samsung“ веќе добро ја познава. Making us wait? Fine. We'll be over here, folding 3 ways. — Samsung Mobile US (@SamsungMobileUS) September 9, 2026 Американскиот тим на „Samsung“ беше уште подиректен за време на презентацијата на „Apple“. Тие објавија низа пораки на „X“ платформата, една од најпаметните е: „Известете нè кога ќе завршите со загревањето на нашите остатоци“. Следеа и други провокации: „Изгледа многу познато. Дали е ова продолжението на „Sims“?“ и „Досега, сè е по старо“. So far, so same. #ItsTimeToSwitch — Samsung Mobile US (@SamsungMobileUS) September 9, 2026 Во една од објавите, тие исто така ја нагласија својата технолошка предност: „Нè натеравте да чекаме? Во ред. Ќе бидеме тука преклопувајќи на три“, алудирајќи на напредни концепти додека „Apple“ штотуку влегува на пазарот со својот прв модел. Let us know when you're done reheating our leftovers 😉 — Samsung Mobile US (@SamsungMobileUS) September 9, 2026 Тие исто така ја споменаа апликацијата „DuoLingo“: „Извинете, и нас нè копираа!“, алудирајќи на името. I'm so sorry, @DuoLingo. They copied us too #Solidarity — Samsung Mobile US (@SamsungMobileUS) September 9, 2026 Седум години водство Одговорот на „Samsung“ се базира на значително водство во сегментот на преклопни уреди. Јужнокорејскиот гигант го лансираше својот прв „Galaxy Fold“ во 2019 година. Во текот на изминатите седум години, брендови како „Samsung“, „Google“ и „Motorola“ претставија повеќе генерации на преклопни телефони, по пат корегирајќи ги почетните недостатоци како што се наборите на екранот, кршливите шарки и прекумерната тежина на уредот. Што нуди првиот преклопен телефон на „Apple“? И покрај тоа што е притиснат од конкуренцијата, „Apple“ верува дека неговиот рафиниран влез на пазарот ќе понуди супериорно корисничко искуство. Новиот „iPhone Duo“, со цена од 1.999 долари, има заоблени рабови и се отвора во хоризонтален екран од 7,6 инчи (19 см) кој може да се користи и вертикално. Кога е преклопен, на предната страна има помал екран. Компанијата тврди дека тоа е нивниот најтенок телефон досега кога е отворен, но сепак е подебел од некои модели на преклоп што ги нудат кинеските конкуренти. Извор: Индекс.хрТагови: iPhone Samsung Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија во Газа: Четиричлено семејство убиено во нападЧетиричлено семејство, меѓу кои и две деца, беше убиено утрово во израелски воздушен напад во северниот дел на Појасот Газа, изјави официјален претставник на болницата Шифа во градот Газа.Според него, како што објавија палестинските медиуми, нападот погодил куќа во областа Беит Лахија. Меѓу загинатите имало две деца, на возраст од осум и 12 години. Израелската војска изјави за „Тајмс оф Израел“ дека ги проверува извештаите за нападот. Во меѓувреме, палестинските медиуми, исто така, објавија за напад во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, во кој наводно се повредени три лица, меѓу кои и две деца. Израелската војска соопшти дека целта на нападот во Кан Јунис бил „терорист“, со најава дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter