Андреевска: По две години чекање, деновиве оглас за пет јазични инспектори - Канал 5

Андреевска: По две години чекање, деновиве оглас за пет јазични инспектори

Македонија денеска со низа настани го чествуваше Денот на македонскиот јазик, но и по неколку години откако беше донесен Законот, Инспекторатот кој треба да се грижи за неговото почитување, не функционира.

Андреевска: По две години чекање, деновиве оглас за пет јазични инспектори

Директорката Менче Андреева за Канал 5 вели дека конечно добиле согласнсот за вработување на 5 инспектори, па деновиве очекува да објават и оглас за вработување откако ќе добијат согласност и од Министерството за администрација.. Сепак, со работа би почнале најрано за една година, бидејќи треба да поминат обука..

-Очекуваме за неколку дена да бидат објавени огласите за вработување на 5 инспектори за македонски јазик. Откако ќе заврши постапката за вработување и ќе се вработат инспекторите тие треба да започнат со обука која што ќе трае 1 година, а после тоа да полагаат и да добијат лиценца за инспектор по македонски јазик. Фукционирањето на инспекторатот зависеше од многу фактори. По подготвената документација ние еве конечно стигнавме до целта и мислам дека тоа е многу важно и дека набрзо ќе имаме вработување на инспектори така што инспекторатот ќе фунционира,- -Менче Андреева.

Во меѓувреме, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ порачаа јазикот да се негува и преку доследна употреба на кирилицата, особено во време кога латиницата се почесто се користи при дигиталната комуникација.

-Нашата порака е до сите граѓани на Македонија, особено до вас најмладите генерации, да пишуваме со кирилица, како што пишуваат нашите родители, нашите баби и дедовци и нашите борци за слобода.- Елена Јованова – Грујовска – директорка на Институтот за македонски јазик – „Крсте Мисирков“.

Честитки упатија и повеќе претставници од државнио-политичкиот врв. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков истакна дека македонскиот јазик има непроценлива вредност, како темел на националниот идентитет, историјата и духовноста.

Веќе четврта година по ред, преку видеопорака честитки за Денот на македонскиот јазик испрати и Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон.

- Богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе ми остане засекогаш – го носам со себе читајќи ги преводите на Вилијам Шекспир од Драги Михајловски, слушајќи македонски песни и користејќи го јазикот во секоја пригода. Честит Ден на македонскиот јазик,- Метју Лосон –амбасадор на Британија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер