Андреа го покажа својот извајан стомак што го постигнала со вежбање(видео) - Канал 5

Андреа го покажа својот извајан стомак што го постигнала со вежбање(видео)

Додека се фалеше со резултатите, еден детаљ ја издаде, сите зборуваат за тоа! 

Андреа го покажа својот извајан стомак што го постигнала со вежбање(видео)

Андреа Елена успеала да ослабе со помош на редовен пилатес, иако многумина не ѝ веруваат.

Андреа Елена на Тикток ја следат 275.000 лица. Таа доживеала трансформација за која многу дами може само да сонуваат. Андреа се снимала сама пред почетокот на интензивниот трениг. Очигледен е вишокот килограми кај оваа девојка особено во пределот на стомакот.

Андреа Елена се пофалила дека пред една година почнала да вежба пилатес. Наводно не прескокнува ниту еден трениг, а обично важба 6-7 пати неделно, поточно, секој ден. Освен пилатесот, оваа дама применила и здрава исхрана, па резултатите не изостанале. Нејзината половина е видно потенка, мускулите затегнати и нема трага од некогашниот стомак.

@andrea.elenalela #weightlosstransformation #pilatesbody #pilatesprincess #weightlossprogress ♬ sonido original - _lu_gabrielloni_

Меѓутоа, многумина сметаат дека такви ефекти е невозможно да се постигнат без „липосукција“, со која добила видна потенок струк и рамен стомак. Душогрижниците навеле дека Андреа не ослабела во пределот на колковите, градите и нозете, туку само во струкот и се ослободила од стомакот. Втора причина што ја наведуваат е нејзиниот папок по кој се гледа дека е направена интервенција.

-Иако поединци мислат дека сум била „под нож“, можам да им порачам дека такво нешто не се случи. Сè е многу поевтино, со многу откажувања од храна и интензивни вежби. А, папокот ми е ваков зашто на него имам пирс –објаснила Андреа, а за неа пишуваше британски „Сан“.

Многу нејзини објави имаат голем број прегледи, а коментарите постојано се менуваат.

-Секоја чест за трансформацијата!

- Секој што не се обидел интензивно да вежба и здраво да се храни, мисли дека вакви резултати се можни само со пластична операција, а тоа не е точно.

-Се гледа дека оваа жена вежба, секој дел од телото ѝ е затегнат.

-Планирав да се запишам на пилатес, а сега уште повеќе ме мотивираше.

-Јас сепак мислам дека со липосукција го отстранила салото, а потоа се затегнала со вежби, но тоа е само мое мислење.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите.

Чести напади

Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите.

Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешаците

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.

МВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешаците

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците.

При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците.

Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)

Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати. 

Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи објави дека несреќата е предизвикана од возач на камион кој ја изгубил контролата врз возилото и удрил во неколку возила, јавува Би-Би-Си.

Во несреќата учествувале 23 возила, вклучувајќи пет камиони. Сударот се случил на влезот во источниот емират кратко пред полноќ, во време кога сообраќајот се движел бавно. Во официјалниот извештај се наведува дека силата на ударот „го запалила камионот, а пожарот се проширил на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви“. Службениците појаснија дека камионот прво се судрил со едно возило, по што се превртел и удрил во другите автомобили што стоеле во колоната.

Идентификација на жртвите и третман на повредените

Полицијата во Фуџаира објави дека триесет лица се повредени и однесени во болница. Полицијата додаде дека се користат ДНК тестови за идентификација на телата на загинатите. Меѓу загинатите има граѓани на Емиратите, а индискиот конзулат во ОАЕ потврди дека загинале и нивни граѓани.

Конзулатот соопшти дека е во контакт со семејствата на жртвите и дека соработува со локалните власти за давање помош. Службите за итни случаи, вклучувајќи полиција, болничари и екипи за цивилна заштита, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Тие го изгаснаа пожарот, ги пренесоа повредените во болници и го обезбедија подрачјето, каде што сè уште се наоѓаат специјализирани екипи.

Министерството за внатрешни работи и полицијата изразија сочувство до семејствата на загинатите и им посакаа брзо закрепнување на повредените. Половина од повредените беа пуштени од болница по лекувањето, додека другите беа задржани на понатамошно лекување. Властите објавија дека меѓу загинатите има државјани на Емиратите, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер