Андов за „Канал 5“: Заев и Бучковски сега да не одат во Бугарија, „умилкувања“ не помагаат - Канал 5

Андов за „Канал 5“: Заев и Бучковски сега да не одат во Бугарија, „умилкувања“ не помагаат

Како понатаму по второто вето од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ?  Поранашниот претседател на собранието Стојан Андов за Канал 5 вели дека македонската влада нема што да бара во Софија додека не се формира Влада со јасен политички мандат.

Андов за „Канал 5“: Заев и Бучковски сега да не одат во Бугарија, „умилкувања“ не помагаат

Во овој период никој од македонската Влада не треба да оди на разговори во Софија, прво треба да причекаме да поминат изборите во Бугарија на 11 јули, вели во разговор за Канал 5 поранешниот претседател на Собранието и искусен политичар, Стојан Андов. Според него бугарските политичари сега се преокупирани со добивање гласови, а не со искрени средби.

„ Прво треба да причекаме да пројдат изборите во Бугарија. Сите заедно било кој од нив, сигурно се убедени дека ако седнат да разговараат искрено и отворено како што личи, тогаш ќе изгубат на изборите. Тоа им е основа како да дојдат до власта. Како што гледате освен ова прашање, нема некое друго, за кое тие можат да се надеваат оти ќе им помогне за изборите. Затоа што во сите тамошни политичари граѓаните се сомневаат за криминал и криминални намери. Затоа мислам дека во такви услови не требаше да се оди таму, ниту да се разговара, вели поранешниот собраниски спикер за Канал 5.

Андов не полага многу надежи во словенечкото претседателство за решавање на спорот со Бугарија. Вина гледа и во самата ЕУ што не успева да ги спречи Бугарите да не блокираат со ирационални барања.

„ На еден народ да му се одрекува право на свој јазик да има и тој јазик задолжително да бил напишан како варијанта на бугарскиот тоа се невозможни работи во светот. Безнадежна е оваа позиција и на ЕУ. Таква толеранција кон Бугарите, да не се во состојба да им објаснат дека тоа е невозможно и е против основата на посетоење на ЕУ. И затоа сега секој претседавач со ЕУ му треба активност, па и на португалскиот, и се обидоа нешто да направат. Сигурно имале добра намера, но што можат да направат со Бугарите..., вели Андов.

На прашањето што доколку спорот со источниот сосед потрае, а во ЕУ нема расположение за проширување, Андов дециден дека не треба да ги прифаќаме бугарските барања по ниедна цена, туку да се фокусираме на работа на домашните задачи.

„ Енергично треба да одбиеме се во врска со бугарските барања. Се да се одбие, ништо да не се прифати. А да се бориме ние за принципите, деловното работење и унапредување на човековите права да ги средиме како што се во ЕУ. Тоа е патот наш, смета тој.

Друга алтернатива освен ЕУ нема, одговара поранешниот собраниски спикер, но ја поддржува идејата за продлабочување на стратешкиот договор со САД, додека сме во европската чекална.

„ Ние имаме многу добар договор стратешки со Америка, да видиме дали тоа може да се доработи. Инаку не гледам алтернатива. Ние сме во ЕУ. Преку нас поминуваат сите членки на ЕУ. Во Грција сите што одат поминуваат преку нашата земјаи гледаат што се случува овде. Така да не треба многу да се загрижуваме, можеме да си живееме многу добро.

Сега најважно е да покажеме дека сме подготвени да работиме на тоа што го сакаме, но со јасни црвени линии, заклучува Андов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повтпорно воодушеви со својот секси изглед. Црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“ – латиноамериканката повторно „гори“

Фото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“

Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата латино дива. Таа се појави во атрактивно модно парче кое, пак, откриваше навистина многу...

Мегапопуларната Џеј Ло веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, како со своите изјави за разводот од Бен Афлек, така и со атрактивните модни комбинации.

Неодамна имавме можност да ја видиме во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, а сега нè изненади со уште една креација во „гола“ нијанса.

Овој пат таа се одлучи за модни парчиња од тантела, но, судејќи според фотографиите, воопшто не се срамеше да ги истакне своите атрибути.

Имено, во четвртокот, Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес, а за забавата по настанот се пресоблече во црн, проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, кое го откриваше нејзината долна облека.

Тоалетата носи потпис на познатата модна куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земја

Холивудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена. 

Анџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земја

По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении.

За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај.

Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни.

Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст.

Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале.

Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“.

Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници.

Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците

„Horch 930S“ од 1939 година е еден од најретките луксузни автомобили на светот. Има вграден мијалник со топла и ладна вода, седишта што се претвораат во кревет и V8 мотор.

Видео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците

На прв поглед, изгледа како елегантен луксузен автомобил од 1939 година, но ова конкретно возило крие детал што би ги изненадил дури и денешните возачи.

Станува збор за „Хорх 930S“ (Horch 930S) – автомобил опремен со вграден мијалник со топла и ладна проточна вода. Мијалникот се извлекува пред предниот браник, а топлата вода се обезбедува преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Да, да, добро прочитавте: автомобилот доаѓаше со вграден мијалник што можеше да се извлече пред предниот браник секогаш кога ќе се појави потреба.

Особено интересно е решението за топла вода, која се загревала преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Ова им овозможувало на патниците во овој луксузен автомобил пристап до вода дури и за време на патувањето. Сепак, мијалникот е само еден од деталите што сведочат за големото внимание посветено на удобноста и практичноста.

„Horch 930S“ имал врати што се отворале широко, без централен столб што би го попречувал влегувањето или излегувањето. Седиштата можеле да се спуштат за да се создаде простор за спиење, со што возилото станувало многу погодно за подолги патувања. Внатрешноста, исто така, привлекува посебно внимание.

Контролната табла е изработена од полирано дрво и е збогатена со бројни хромирани детали, посебни тркалезни инструменти и часовник поставен во средината.

Вратите имале хромирани рачки, додека панелите биле обложени со висококвалитетен текстил. Прозорците се отворале рачно, преку класичен механизам со рачка за вртење.

Horch 930S поседуваше простран багажник, додека под хаубата се наоѓаше 3,8-литарски V8 мотор со моќност од приближно 92 коњски сили. Според денешните стандарди, ова можеби не изгледа импресивно, но мора да се земе предвид дека автомобилот потекнува од 1939 година – ера кога ваквите технички и луксузни карактеристики биле исклучително ретки. Токму поради овие причини, овој модел зазема посебно место во историјата на автомобилизмот.

Произведени се само неколку примероци, што го прави Horch 930S еден од најретките луксузни автомобили од тоа време. И додека денешните производители се натпреваруваат во понудата на поголеми екрани, повеќе електронски системи и поудобни седишта, Horch – пред речиси 90 години – воведе концепт што и денес звучи неверојатно: автомобил опремен со сопствен мијалник и топла вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер