Андоновски: Во октомври промоција на матични услуги- личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон - Канал 5

Андоновски: Во октомври промоција на матични услуги- личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Личната карта и возачката дозвола ќе бидат сместени во мобилните телефони.. 

Андоновски: Во октомври промоција на матични услуги- личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Личната карта и возачката дозвола наскоро би можеле да ги носиме во телефонот. Новата мобилна апликација м.Услуги ќе биде промовирана во октомври, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување на Канал 5.

Со апликацијата м.Услуги, граѓаните ќе имаат можност на едно место да ги користат своите лични документи во дигитална форма, но и да пристапуваат до електронските услуги на институциите. Идејата е административните постапки да бидат поедноставни, побрзи и подостапни, без потреба од одење на шалтер – туку директно преку мобилниот телефон.

Бројот на достапни електронски услуги од 120 се зголемил на 350, кажа Андоновски. Сепак, вели, целта е оваа бројка дополнително да расте и да достигне меѓу 500 и 600 услуги, со крајна амбиција секоја услуга што ја нуди администрацијата да биде достапна и електронски.

Во однос на „Роаминг како дома“, последните информации што ги сподели Андновски се дека веќе е номиниран главен преговарач, чие назначување е прифатено од Европската Унија. Наскоро се очекува да почнат преговорите, а очекувањата се „Роаминг како дома“ да стане реалност за македонските граѓани најдоцна до почетокот на летото 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер