Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
МакедонијаАндоновски: Вештачката интелигенција е револуционерна технологија, но треба да се развива со одговорностВештачката интелигенција е револуционерна технологија со потенцијал да ги трансформира економиите и општествата. Но, не смееме да дозволиме нејзината брзина на развој да ја надмине нашата способност за одговорно управување, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија на тема „Вештачка интелигенција – револуција, апокалипса или големо разочарување?“ во рамки на Импакт самитот што оваа недела се одржува во Букурешт, Романија. Министерот Андоновски во своето обраќање се осврна на значењето на одговорниот развој на вештачката интелигенција, притоа истакнувајќи дека Владата активно работи на градење на правна, етичка и технолошка рамка за безбедно и инклузивно користење на вештачката интелигенција во јавниот сектор. Ова издание на „Импакт Букурешт“ собра голем број светски лидери, експерти и визионери од областа на технологијата, политиката и бизнисот. Особено внимание привлече и обраќањето на Мишел Обама, сопругата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, која зборуваше за влијанието на новите технологии, лидерството и иновациите. Свое обраќање на отворањето имаше и градоначалникот на Букурешт, Стелијан Бујдувеану.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионотХристијан Мицкоски повторно се обидува да ја претстави реалноста поинаку од она што е.Цитира извештај на Еуростат за законска минимална плата и тврди дека кај нас е најевтино и нашите граѓани живеат најдобро. Но бројките покажуваат сосема друго. Според споредбата на минималната нето плата и цената на дизелот во регионот: • Во Словенија со минималец се купуваат 629 литри дизел • Во Хрватска 516 литри • Во Црна Гора 400 литри • Во БиХ 362 литри • Во Србија 286 литри • Во Косово 263 литри • Во Македонија само 261 литар • Во Албанија 214 литри Работник со минималец во Македонија мора да работи 39 минути за еден литар дизел. За резервоар од 50 литри му одат 19,15% од целата месечна плата. Ова не е „куповна моќ“. Ова е сиромаштија. Мицкоски може да цитира што сака. Граѓаните ја гледаат вистината на бензинска пумпа и во продавница. Лагите за стандардот повеќе не поминуваат. Не може статистика да го убеди граѓанинот на Македонија дека живее подобро од она што навистина го живее. Граѓаните својата статистика ја имаат во паричникот и во фрижидерот. И повеќе никој не може да го слуша Мицкоски и неговите бајки за трета економија во Европа, прва во туризмот, лидер во авио-сообраќајот и аеродромот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќаПо целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: Боговиње Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лицаНа 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook