Андоновски: Реализација на уште едно изборно ветување - GOVTECH програми - Канал 5

Андоновски: Реализација на уште едно изборно ветување - GOVTECH програми

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го отвори хакатонот “Кликни безбедно” .

Андоновски: Реализација на уште едно изборно ветување - GOVTECH програми

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го отвори хакатонот “Кликни безбедно” иницијатива која е во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација.

Андоновски во своето воведно обраќање на присутните им посака добредојде на првиот младински GOVTECH хакатон во Македонија, “ Со овој настан, но и со целиот проект сакаме да покажеме дека технологијата не е тука за да ги замени луѓето, туку за да ги поврзе – и да им даде алатки што ги штитат, ги едуцираат и ги охрабруваат.” започна Андоновски

Toj нагласи дека Министерството за дигиталнта трансформација, го исполнува ветувањето да создаде GOVTECH екосистем – со хакатони, мобилни апликации, онлајн решенија кои се од младите и за младите.

“Во време кога младите често се гледаат како “иднината”, јас во вас тука ја гледам сегашноста – креатори на решенија, не само корисници на услуги. Затоа што најдобрите дигитални алатки не доаѓаат од владини згради, туку од училишни клупи полни со идеи, од факултетите, од средните училишта.” дополни Министерот

“Токму затоа го создаваме MKSafeNet – мрежа за дигитална заштита на млади, и го започнуваме овој хакатон со вас, средношколци од сите страни на Македонија. Вие сте доказ дека дигиталната писменост, креативноста и одговорноста може да одат рака под рака.” заврши Андоновски

Овој настан ќе опфати ученици од средните училишта во Република Македонија со различни вештини во делот на дигиталниот свет како програмери, дизајнери, иноватори и ентузијасти собрани заедно во тимови кои во одреден временски период ќе работат со цел да развијат иновативни решенија на одредена тема или проблем, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациент запалил болнички кревет во Берлин: 15 лица се повредени, наредена итна евакуација

Полицијата истражува случај на можен подметнување пожар, откако во неделата навечер, во болница во Берлин, еден пациент наводно го запалил својот кревет. Во инцидентот се повредени петнаесет лица.

Пациент запалил болнички кревет во Берлин: 15 лица се повредени, наредена итна евакуација

Според истражителите, пациентот го запалил креветот во соба на првиот кат од болничката зграда, која се наоѓа во берлинската населба Лихтенберг (Источен Берлин), изјави портпарол на полицијата.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но чадот се проширил и во други делови од зградата, поради што била неопходна евакуација на еден дел од болницата.

Тринаесет лица се здобиле со полесни повреди.

Една медицинска сестра и пациентот, кој е осомничен за предизвикување на пожарот, добиле медицинска помош поради вдишување чад. Медицинската сестра е пуштена дома по укажаната амбулантска помош, додека пациентот останува хоспитализиран.

Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности поврзани со пожарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Три конкретни мерки за младите

До сопствен стан по цена 20% пониска од пазарната, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поголема поддршка за студентите.

ВМРО-ДПМНЕ: Три конкретни мерки за младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики и мерки насочени кон младите, со јасна цел да им овозможи подобри услови за живот, полесно решавање на станбеното прашање и поголема финансиска поддршка во текот на образованието.

Ќе се реализираат три значајни мерки кои директно одговараат на едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите, како што е обезбедувањето сопствен дом и студентскиот стандард за време на студирањето.

Првата мерка предвидува најмалку 10% од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде наменета за млади брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната. Оваа обврска ќе биде регулирана со закон, а градежните компании ќе мора да ја исполнат за да добијат дозвола за градба. Со ова се создава конкретна можност младите брачни парови полесно да дојдат до сопствен стан и да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом.

Втората мерка предвидува целосно ослободување од комуналии за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат сопствена куќа. И оваа мерка ќе биде законски регулирана, а ќе важи на територијата на целата држава. На овој начин значително ќе се намалат почетните трошоци за изградба на сопствен дом, со што младите семејства ќе добијат дополнителна финансиска поддршка и полесна можност да ја реализираат својата животна инвестиција.

Третата мерка е насочена кон студентите и предвидува воведување студентска картичка како дел од апликацијата М-услуги, преку која студентите ќе добијат најмалку 20% пониски цени, не само за топол оброк, туку и за низа други производи и услуги.

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Овие три мерки се дел од определбата на ВМРО-ДПМНЕ да понуди конкретни решенија за реалните потреби на младите, наместо политиката да се сведе на празни ветувања и декларативна поддршка. Нашата цел е младите да имаат услови да формираат семејства, да обезбедат сопствен дом, да се образуваат и да ја градат својата иднина во Македонија.

Како ВМРО-ДПМНЕ остануваме посветени на политики кои носат реални придобивки за младите, затоа што тие не се само иднината на државата, туку и нејзин најважен потенцијал денес.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечер

Преполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.

Македонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечер

Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб.

Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова.

На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска.

Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски.

Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска.

Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот.

Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова.

Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење.

Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер