МакедонијаАндоновски: Очекувам граѓаните да ни ја дадат довербата на изборите, да освоиме повеќе градоначалнички места од 2021 годинаОчекувам дека граѓаните ќе ни ја дадат довербата на изборите, имаме добри кандидати и добра програма, истакна секретарот за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. -ВМРО-ДПМНЕ има една предизвикувачка задача да освои повеќе градоначалнички места од 2021 година. Јас не би одел со апсолутни бројки на излезност, затоа што знаеме каква е разликата на излезност на локални визави парламентарни, па уште и во комбинација со претседателски како што беше минатата година. Во зависност од излезноста, ние треба да одиме на максимизирање на бројот на гласови во смисла на добивање едно градоначалничко место повеќе од 2021 година. Тоа е предизвикувачки, затоа што ние имаме повеќе од 40 градоначалници сега, голем дел од нив се повторно кандидати. Но мислам дека со добра програма, со добар отчет на градоначалниците кој што се случува во наредниот период во кој што ќе кажат што ветиле, а што реализирале, каде би имало недостатоци и што треба да се коригира и што планираат во наредниот четири години, ние ќе успееме да освоиме едно или две градоначалнички места повеќе од минатите избори во 2021 година. И тоа е нашиот таргет, рече Андоновски на вечерашното гостување во„Вести плус“ на Телевизија Канал 5. Смета дека ВМРО-ДПМНЕ има добар потенцијал и добри кандидати да освојат повеќе градоначалнички места. -Мислам дека имаме добар потенцијал и добри кандидати тоа да се случи. Онаму каде што сметавме дека се потребни одредени освежувања, тие ги правиме и мислам дека ќе имаме одличен склоп на кандидати за градоначалници, добра програма, една квалитетна позитивна кампања во која ќе кажеме што сме сработиле и што можеме да сработиме, што може да се очекува во наредниот период. Очекувам граѓаните ќе ни ја дадат довербата на изборите, рече тој. На прашањето доколку ДУИ на локалните избори има подобри резултати од ВРЕДИ, Андоновски смета дека ВРЕДИ има кандидати кои можат да парираат и имаат сериозен потенцијал. -Јас многу често го слушам тој коментар во јавноста дека поинтересна, понеизвесна би била трката во таканаречените доминантно мнозински албански општини, каде Албанците се доминантно мнозинско население, но прво би требало да се размисли дали ДУИ кандидира луѓе коишто се обременети со кривични пријави и дали имаат минато на нереализација или пак кандидира луѓе коишто се претставувале дека ќе бидат претседатели на цел свет само минатата година, па потоа се кандидира за претседатели на Македонија со тоа искуство од пола свет, па сега се спуштија под да не ме сфаќаат погрешно граѓаните на Општина Чаир се спуштија да бидат „татковци на една општина во Скопје“. Дали е тоа знак на очај од страна на ДУИ и дали е последна сламка за спас на ДУИ? Ќе кажат граѓаните. Тие се суверенот кој што кажува како треба да се движи политиката. Но, мислам дека ВРЕДИ има кандидати кои можат да парираат и имаат сериозен потенцијал, изјави тој. Потенцира дека ДУИ е нереформирана партија посочувајќи дека е небулозно однесување истите лица кои ги креирале проблемите за македонските граѓани да се претставуваат како нови ликови. -Интересно е да се погледне Општина Сарај каде што ДУИ воопшто и не кандидира свој кандидат за градоначалник. Интересно е да се погледнат и други општини во кои што ДУИ се повлекува од трката и првпат коалицира во таква голема коалиција, затоа што сама е свесна дека ќе ги загуби изборите. ДУИ е нереформирана партија. Тоа останува како факт, независно од тоа кого ќе кандидираат. Не можат истите луѓе кои ги креираа проблемите за македонскиот народ, за сите македонски граѓани сите овие години, коишто го испразнија Гостивар, го девастираа Кичево, коишто направија само штета на македонските национални интереси, повторно да се претставуваат како нови ликови. Мислам дека тоа е едно небулозно однесување коешто граѓаните го препознаваат и мислам дека ќе го казнат на овие избори. Но, сепак граѓаните ќе имаат можност за зборуваат гласно, рече тој. Андоновски нагласи дека стратешкиот пристап на меѓусебно поддржување со владините партнери се покажал како одличен и очекува и на локалните избори да им донесе добри резултати. -Ние изминатите избори, исто така се одлучивме за една коалиција со тогашната Алијансата за Албанците и Алтернатива во којашто не кандидиравме градоначалници во одредени општини. Не сме го кажале завршниот збор каде точно се ќе имаме кандидати за градоначалници, но тоа е еден принципиелен пристап во којшто се поддржуваме за да победиме и за да имаме најдобар можен резултат, се покажа таа тактика или тој пристап како одличен. Имавме голема победа во Бутел, во Гази Баба и во многу други општини со мешано етничко население. Мислам дека таков стратешки пристап кој што го имавме во 2021 година, продолжи во 2024 година, сега ќе донесе исто така добри резултати, истакна министерот Андоновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветДали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот ИстокАмериканскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигнува на Блискиот Исток во следните 24 часа, каде што ќе им се придружи на двете веќе присутни ударни групи.Со неговото пристигнување, вкупно три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени во регионот. Веста ја објави „Њујорк тајмс“ и ја потврди американски воен претставник. Распоредувањето на силите следеше по нападот со беспилотни летала на Иран врз Бахреин, втор таков напад за само три дена. Со ова заврши двомесечното затишје во непријателствата, додека мировните преговори со Вашингтон остануваат блокирани. На нападот во неделата му претходеше инцидент во петокот, кога американските сили пресретнаа два ирански беспилотни летала испукани кон државата од Персискиот Залив. Пентагон и Централната команда на САД (CENTCOM), одговорни за воените операции на Блискиот Исток, сè уште официјално не го потврдија точниот датум на пристигнување на носачот. Дипломатски прекин и зголемено воено присуство Обновените судири се случуваат во контекст на целосен дипломатски застој и зголемено американско воено присуство во регионот. Тие се дел од поширок конфликт со Иран, кој започна кон крајот на февруари со координирани напади на САД и Израел. Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го исклучи потпретседателот Џ.Д. Венс од мировниот процес и на социјалните мрежи изјави дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договорот со Техеран. Иако дополнителен носач на авиони пристигнува во регионот, американската војска неодамна ги негираше извештаите во израелските медиуми дека се прават подготовки за евентуално продолжување на операциите против Иран. Тие ги опишаа тврдењата за промени во распоредувањето на регионалните сили како „чиста шпекулација“. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветИран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД.Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД и сојузничките земји од Персискиот Залив на два фронта: анти-хутиските сили се повлекоа од брегот на Црвеното Море, додека Иран изврши напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин. Саудиската воена кампања против Хутите во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната на Аден, привременото седиште на владата на југот од земјата. Images of IRGC attack on the radar site of a U.S. air defense system at the Riffa helicopter base in Bahrain, carried out with six Shahed-136 kamikaze drones. https://t.co/2IZRZdwW9w — MenchOsint (@MenchOsint) November 15, 2026 Ирански напади Објавата означува очигледен крај на шестнеделната владина контраофанзива насочена кон потиснување на Хутите од устието на Црвеното Море и обезбедување на витална рута за испорака на нафта. Во меѓувреме, иранските напади врз Бахреин, дом на Петтата флота на американската морнарица во Персискиот Залив, веројатно дополнително ќе го зголемат притисокот врз американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши војната што започна пред девет месеци. Трамп во последните денови изјави дека може да се воздржи од напад врз Иран освен ако САД не се соочат со нови провокации од Техеран или од Хутите во Јемен, иако ќе ја задржи американската поморска блокада на Иран, објави Ројтерс во саботата. Откако непопуларната војна придонесе за поразот на републиканците на среднорочните избори за Конгресот, Трамп почна да ја намалува важноста на постигнувањето дипломатско решение. Војната меѓу САД и Иран се смири по раната фаза, но со застојот на дипломатијата, изгледите за итно решавање на поширокиот конфликт или војната во Јемен се мали. Напредок на Хутите Повлекувањето на јеменските владини сили од областа Баб ел-Мандеб, преземено за зајакнување на одбраната на Аден, би можело да отвори простор за Хутите понатаму да напредуваат кон тој град, кој е седиште на меѓународно признатата влада откако ја протераа од главниот град Сана пред повеќе од десет години, истакнува Ројтерс. „Јужните вооружени сили објавија спроведување на операција за прераспоредување од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од покраината Таиз“, објавија владините сили. „Овој чекор беше преземен за да се заштити главниот град Аден и соседните провинции како приоритет, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се потиснат постојните закани.“ Во септември, Хутите го окупираа брегот на Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Офанзивата на саудиската воена кампања минатиот месец ги освои клучните позиции околу теснецот, но Хутите не беа целосно протерани од областа. Хутите одговорија со засилување на нападите со беспилотни летала и ракети врз Саудиска Арабија, напаѓајќи ги главните аеродроми и напаѓајќи енергетски постројки, што предизвика скок на цените на глобалните пазари на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојкаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.Тагови: претепување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter