Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни - Канал 5

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. 

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка.

Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително.

„Инцидентот е завршен“

Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“.

„Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер