Андоновски: Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност – европски по стандарди - Канал 5

Андоновски: Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност – европски по стандарди

Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност – европски по стандарди, национален по одговорност и партнерски по пристап.

Андоновски: Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност – европски по стандарди

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна, отпорна и доверлива дигитална држава.

„Денешниот настан има поширока порака: дека Македонија не чека да реагира кога ќе се случи проблем, туку проактивно гради систем. Систем што ќе биде европски по стандарди, национален по одговорност и партнерски по пристап“, порача Андоновски.

Министерот нагласи дека сајбер безбедноста е поставена како еден од врвните приоритети на Министерството за дигитална трансформација, потсетувајќи на клучните чекори преземени во изминатиот период: донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028, воспоставувањето на законската рамка усогласена со NIS 2 директивата на Европската Унија, формирањето на Секторот за сајбер безбедност во рамки на Министерството, како и отворањето на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти – MKD GOV CIRT.

Андоновски посочи дека долгорочната сајбер отпорност не може да се изгради само преку стратегии, закони и институции, туку преку луѓе, знаење, вежби, доверба и партнерства. Во таа насока, тој ја истакна важноста на академските институции и на меѓународната соработка, особено со Соединетите Американски Држави.

„Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“, истакна министерот.

Тој додаде дека со овој проект Универзитетот „Гоце Делчев“ станува регионален хаб за тренинг и сертификација на сајбер-професионалци, што претставува значаен придонес кон развојот на една од клучните професии за иднината.

Министерството за дигитална трансформација останува цврсто посветено на градење политики, институции и партнерства што ќе обезбедат Македонија да биде не само дигитална, туку и безбедна, отпорна и подготвена за иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Банка по грешка на студент му исплатила 120.000 евра- тој ги вратил парите, па следува пресврт

Студент од Грузија дошол во банка за да подигне 12.900 евра, но поради грешка на еден вработен, се збогатил за повеќе од 100.000 евра за неколку часа. 

Банка по грешка на студент му исплатила 120.000 евра- тој ги вратил парите, па следува пресврт

Кога ги вратил парите, наместо награда, добил подарок што ги разбеснил многумина.

Неверојатна приказна доаѓа од Австрија, каде што 25-годишен студент од Грузија неколку часа имал пристап до повеќе од 100.000 евра кои не му припаѓале поради банкарска грешка. Иако можел да молчи за грешката и да ги задржи парите, решил да го врати вишокот, а она што го добил за возврат предизвикало бројни реакции.

Младиот човек дошол во филијалата на банката за да подигне 12.900 евра што претходно ги позајмил од пријател. Му биле потребни парите за да докаже дека има доволно средства за да добие дозвола за престој.

Меѓутоа, наместо бараниот износ, вработениот во банката погрешно му платил повеќе од 120.000 евра.

Банката го повикала само неколку часа подоцна

Не сомневајќи се дека е направена сериозна грешка, студентот веднаш му ги предал парите на пријателот од кого претходно ги позајмил, а потоа отишол на настава.

Неколку часа подоцна, му заѕвонил телефонот. Го повикале од банката и го информирале дека при подигнувањето на парите се случил голем пропуст.

Кога студентот и неговиот пријател ја отвориле торбата и ги изброиле банкнотите, сфатиле дека добиле многу повеќе пари отколку што требало. Наместо да се обидат да ја искористат грешката во своја корист, решиле да го вратат вишокот.

По враќањето во банката, вработените повторно ги изброиле парите и потврдиле дека имало човечка грешка. Му се заблагодариле на студентот за неговата искреност и се извиниле за непријатностите.

Сепак, вистинскиот шок дошол дури откако биле вратени парите.

Тој вратил повеќе од 100.000 евра, а наградата го оставила без зборови

Иако вратил повеќе од 100.000 евра што не му припаѓале, студентот не добил парична награда ниту никаков вреден подарок од банката.

За неговата чесност, тој беше награден само со симболичен подарок - пакетче гумени бомбони со логото на банката.

Приказната брзо предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека некои веруваат дека студентот постапил правилно и дека никогаш не требало да чува пари што не биле негови, други беа шокирани што тој добил само кеса бомбони за враќање на огромната сума.

На крајот, младиот човек останал без своето неочекувано богатство, но неговите постапки станале тема на дискусија за чесноста, човечката грешка и колку тоа се цени денес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека насилното однесување за време на осумдневните протести во земјата било „оркестрирано“ од внатрешни и надворешни елементи, со цел дестабилизација на Албанија, но и на други европски земји.

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Тој го кажа ова на состанок со раководителите на банкарскиот систем во Албанија и оцени дека ескалацијата на насилството, со употреба на камења и оган, е феномен што е поврзан и со настаните во други европски земји, пренесува албанскиот „Евроњуз“.

Тој им порача на студентите и другите кои извршиле насилство врз институциите и банките за време на протестите дека ќе платат за секоја предизвикана штета.

„Сите оние кои кренаа раце против државата ќе ја имаат сенката на државата зад себе сè додека не ја надоместат штетата што ја предизвикале. Ќе ги гониме оние во качулки“, рече Рама.

Тој најави дека владата наскоро ќе издаде пакет мерки, како што направија и другите земји, а чија цел е да се воспостави регистар на насилни лица на кои ќе им биде забранет пристап до хотели и аеродроми.

„Ќе го објавиме пакетот мерки еден час порано и ќе ги деанонимизираме профилите што поттикнуваат насилство, ќе ги следиме оние што носат качулки. Семејството ќе биде одговорно за сè што прави малолетник, Италија и Франција го направија тоа, а и ние ќе го сториме. Ќе ги ставиме насилните луѓе во посебен регистар. Ќе затвориме многу пристапни точки до транспорт, аеродроми, хотели“, рече Рама.

Тој додаде дека албанската влада веќе започнала да работи со земјите од ЕУ за да им се одземе пристапот до патување на насилните луѓе.

„Насилството нема место во Албанија. Дијалог, размена на идеи, соочување на аргументи, нови начини што ни послужија на вонредниот протест во 2018 година, а тоа беа ученици и наставници. Не како оние што, пред да станат наставници, носеа партиски знамиња и кршеа столчиња во кабинетот на премиерот“, рече Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, утре со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер