Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги - Канал 5

Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

100 дена Министерство за дигитална трансформација: Министерот Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги.

Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.

Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата на Дигитална Европа. ЕЛИ ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги,“ изјави Андоновски.

Андоновски најави дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон.

Во рамки на овој проект се работи на воведување на дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.

Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.

„Свесни дека постоечкиот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните, се зафативме за сериозни подобрувања на порталот. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните.“, подвлече Андоновски. „Веруваме дека со овие подобрувања, ќе создадеме портал кој навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите.“ потенцираше Андоновски.

Во своето излагање, Андоновски најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.

„Секоја од овие услуги ќе биде базирана на анкетата која ја спроведовме со приватниот сектор, но и анализите кои произлегуваат од институциите. Овие нови услуги ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда, итн.“

Министерството најави дека со воведувањето на новите услуги, се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација. „На овој начин создаваме единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите. Ова е иднината на дигиталната трансформација во нашата земја“, заклучи Андоновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер