Андоновски: Годинава очекуваме најмалку 20 до 30 нови дигитализирани услуги, извод на родени за помалку од 48 часа, „Роаминг како дома“ до крајот на годинава - Канал 5

Андоновски: Годинава очекуваме најмалку 20 до 30 нови дигитализирани услуги, извод на родени за помалку од 48 часа, „Роаминг како дома“ до крајот на годинава

- Очекувам во текот на пролетта да започнеме со уште еден проект преку европската ИПА-програма, со кој ќе дигитализираме уште една поголема група услуги кои граѓаните ги сметаат за најкористени. 

Андоновски: Годинава очекуваме најмалку 20 до 30 нови дигитализирани услуги, извод на родени за помалку од 48 часа, „Роаминг како дома“ до крајот на годинава

Во текот на оваа година може да се очекуваат најмалку 20-30 целосно дигитализирани услуги, со приоритет на пријавување новороденче и издавање прв извод од книга на родени за помалку од 48 часа од пријавувањето, услуги во доменот на енергетиката и Фондот за здравство, како и услуги за компаниите, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

- Очекувам во текот на пролетта да започнеме со уште еден проект преку европската ИПА-програма, со кој ќе дигитализираме уште една поголема група услуги кои граѓаните ги сметаат за најкористени. Паралелно работиме и на подобрување на електронската достава (е-сандаче), а многу скоро граѓаните ќе почнат да ги користат терминалите за услуги кои ќе бидат поставени на фреквентни локации, најмногу во Скопје - потенцира Андоновски во интервју за Скопјеинфо.мк.

Како приоритет за оваа година, Андоновски го посочува отпочнувањето на проектот за поставување на Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“ и изградбата на голем јазичен модел на македонски јазик, што, според него, ќе донесе системски напредок во примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор.

- Тоа мора да биде придружено со поголема активност во привлекување странски инвестиции во висока технологија, вештачка интелигенција и центри за податоци - додава Андоновски.

Тој во интервјуто нагласува дека денес имаат над 260 илјади корисници на Националниот портал за услуги (споредено со само 100 илјади во 2024 година) и раст од повеќе од 150 проценти на искористеноста на е-услугите и трансакциите на платформата за интероперабилност. Исто така, посочува дека донеле јасна национална ИКТ стратегија со план до 2030 година, реализирале десетици проекти, отвориле центри за услуги во 15 градови и предложиле и донеле закони. Потенцира и дека први ги реализирале сите обврски од Реформската агенда, со што обезбедиле повеќе од 20 милиони евра од ЕУ. Скопје беше домаќин и на најголемиот досега Дигитален самит на Западен Балкан, пред повеќе од 1.000 гости и учесници, при што, според Андоновски, Македонија повторно е ставена на мапата на дигитално развиени држави.

- Дали очекувањата се целосно исполнети? Јавноста секогаш очекува побрзо, повеќе и подинамично – и тоа е оправдано. Но, реално гледано, темелите се поставени. Сега сме во фаза на забрзување, кое многу зависи и од респонзивноста на другите институции, буџетите и приоритетите на секоја од нив. Често велам дека најмногу време инвестираме во убедување на колегите какви придобивки носи дигитализацијата во нивниот ресор. Кога една институција ќе започне со дигитализација и ќе го види ефектот, потоа е ‘лесно’. Оттука, мојата лична оценка е дека направивме стабилна основа врз која може да се гради модерна, ефикасна и транспарентна администрација. И реално е да сум задоволен од мојот тим кој се посвети на оваа цел изминатите две години - оценува Андоновски.

Тој посочува дека е свесен за очекувањата во јавноста процесот да биде уште побрз и објаснува дека со зголемувањето на бројот на услуги и нивната достапност, растат и барањата. - И тоа е добро - вели тој, додавајќи дека тоа го толкува како доказ за голем интерес.

Според него, дигитализацијата, односно дигиталната трансформација, е процес кој најголемиот дел од граѓаните, особено помладите, го поздравиле како чекор кој го отпочна државата, главно поради олеснување на пристапот до услугите, како и заштедата на време, ресурси и нерви од бркањето документи по административните шалтери. Со доаѓањето на новата Влада, како што посочува, овој процес беше издигнат на ранг на министерство – со издвојување на „информатичкото општество“ од јавната администрација и негова преобразба во Министерство за дигитална трансформација. Тој објаснува дека поради неуспесите од минатите години, граѓаните биле скептични за ефективноста на новата институција.

- Во првата фаза требаше да изградиме институционален капацитет – тим, систем, стратегија и доверба на институциите во Министерството. Истовремено, да ги стабилизираме системите за тие да можат да испорачуваат услуги - вели министерот Андоновски за првите денови откако ја презел функцијата.

Во однос на иницијативата „Роаминг како дома“ и усогласувањето со регулативите на ЕУ, министерот рече дека процесот е во напредна фаза. Нагласи дека Македонија ги исполнува најголемиот дел од техничките и законските предуслови и е меѓу најподготвените земји од регионот. Сепак, посочи дека имплементацијата е билатерален договорен процес меѓу ЕУ и секоја од земјите на Западен Балкан, како и меѓу операторите.

- Најоптимистичките проекции, доколку процесот се движи според европската динамика, се насочени кон добивање на овој статус кон крајот на 2026 или 2027 година. Нашата цел е јасна: граѓаните кога патуваат во ЕУ да не плаќаат дополнителни трошоци за разговори и интернет - вели министерот Андоновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер