МакедонијаАндоновски: Го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќаМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците каде што ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации со кој се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа. “Се соочуваме со една драматично влошена состојба во поглед на игрите на среќа, кој што за жал е во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи. Измените на законот ќе ни дозволат како институции да го спречиме ова нелегално приредување на онлајн игрите на среќа, кое претставува опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежните картички на граѓаните бидејќи врз овие провајдери нема никаква контрола.” изјави во своето обраќање Андоновски Андоновски го објасни начинот со кој овие измени ќе им овозможат на институциите да се справат со ваквите нелегални појави. “Измените на овој закон ќе ни овозможат како министерство во соработка со Министерството за финансии и АЕК да се справуваме со овие прашања, на начин што по добиено известување од државниот приредувач на игри на среќа за оние провајдери кои што немаат добиено соодветна лиценца и верификација на истата од страна на Министерството за финансии на кои ентитети се издадени лиценци, Министерството за дигитална трансформација ќе испрати налог до АЕК за прекинување на правото на пристап до овие веб страници на оние граѓани од Република Македонија кои што сакаат да пристапат до овие веб страници, а во втората фаза овој закон ни дозволува и можност за прекршочни одредби.” појасни министерот Андоновски Министерот своето излагање го заврши со зборовите дека очекува поддршката од сите пратеници и пратенички групи бидејќи оваа битка не е само на владата туку на целото општество против една пандемија која ни се случува во последниве години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕрупција на вулканот Марапи во Индонезија, пепелта се крена два километри во воздухВулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над западна Суматра.Властите соопштија дека ерупцијата исфрлила облак од пепел, висок околу два километри во атмосферата и оти вулканот останува на ниво на тревога „два“. Тие ги предупредија жителите да се држат подалеку од опасната зона. Вулканот Марапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, продолжува периодично да исфрла пепел и е под постојан надзор на вулканолози. Двајца алпинисти загинаа за време на ерупција минатиот месец. Вулканот висок речиси три илјади метри се наоѓа на островот Суматра, каде што пристапот во радиус од три километри околу кратерот долго време беше ограничен..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Насилникот од Блискиот Исток е МРТОВ!!!Американскиот претседател Доналд Трамп денес го критикуваше Иран, велејќи дека земјата „чекала предолго“ за договор и дека „сега ќе ја плати цената“.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ги повтори тврдењата дека војската на Иран е „целосен и апсолутен хаос“ и тврди дека иранската морнарица и воздухопловни сили „практично повеќе не постојат“. Трамп: Иран го одложи договорот предолго. Сега ќе ја плати цената „Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот на Блискиот Исток е МРТОВ!!!“, напиша Трамп. Тој додаде дека Иран „премногу долго одложувал“ во постигнувањето договор што, според него, би бил поволен за нив и рече: „Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, без да даде дополнителни детали.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МетеоСЗО: Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештиниЕвропа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација, посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот.Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. Тој ги опиша горештините како „тивок убиец“ што може да биде спречен доколку Европа само ги примени алатките и мерките што веќе ги има на располагање. Според СЗО, екстремните горештини секоја година предизвикуваат зголемен број заболувања и предвремени смртни случаи, како и економски загуби од повеќе милијарди долари..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter