МакедонијаАндоновски: Донесувањето на Закон за сајбер безбедност ја покажува нашата одговорностДонесувањето на Закон за сајбер безбедност ја покажува нашата одговорност кон справувањето со хибридните закани, вели Андоновски.Донесувањето на Закон за сајбер безбедност ја покажува нашата одговорност кон справувањето со хибридните закани, истакнал министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето на министерскиот панел на Глобалната конференција за градење на Сајбер капацитети (GC3B), која се организира од страна на Глобалниот форум за сајбер експертиза и Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија. Министерот Андоновски, како што соопшти неговиот Кабинет, во своето обраќање пред десетиците министри, експерти и учесници, нагласил дека донесувањето на првиот Закон за сајбер безбедност во земјата и неодамна донесената Национална сајбер стратегија претставуваат клучен чекор во јакнењето на институционалниот и технолошкиот отпор кон хибридни закани и дигитални ризици. -На градењето на сајбер-капацитети пристапивме не само како технолошко прашање, туку како прашање на национален развој. Тоа значеше да се направат три работи: вградување на сајбер-безбедноста во поширокиот контекст на дигитална трансформација како аспект без кој не се може, второ – широка институционална поставеност во носењето на клучните политики. Со тоа овозможивме никој да не се чувствува оттуѓено, туку дека ова е закон и стратегија за секој од нас. И трето вклучување приватниот сектор и меѓународната заедница, не врз база на еднократен проект, туку како партнери, истакнал Андоновски. Тој посочил дека за мала но решителна земја како Македонија, потребна е системичност наместо фрагментација. -Овие мерки се однесуваат не само на подобрување на националната безбедност, туку и на забрзаното прилагодување на економијата на дигиталната ера, која ќе ја направи земјата подготвена за идните глобални предизвици, нагласил Андоновски. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежаАктивностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси. Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти. Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации. Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа. Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаОд понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР ОхридМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter