Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип - Канал 5

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

 Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела.

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. Најмногу заболени се пријавени во Скопје, а 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека најголем број на заболени се пријавени во Скопје - 515, Битола - 236 и Куманово - 203, Струмица 166, Гостивар 141, Тетово 137, Штип 137, Велес 135, Свети Николе 125, а во останатите градови бројот е под 100.

Возрасната дистрибуција покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години - 1465 случаи.

-Во однос на возрасната дистрибуција 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години, 550 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 297 пријавени случаи кај деца на вораст од 0 до 4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години, рече Андоновска.

Дополни дека во текот на оваа недела, во три извештајни единици (Дебар, Кратово и Свети Николе) е регистрирана многу висока активност на вирусот.

Вкупниот број на случаи на грип оваа сезона изнесува 19 944, што е зголемување од 49 отсто во споредба со минатата сезона. Регистрирани се четири смртни случаи, од кои последниот е жена над 65 години со коморбидитети.

Препораките од ИЈЗ остануваат исти, да се следат мерките за превенција и изолација.

-Препораките од ИЈЗ се истите да се следат сите оние препораки за превенција од грип и нормално оние кај коишто веќе дијагностициран грипот да остнат дома, во своите домови, да с еизолираат колку можат повеќе да не бидат во кнтакт со своите блиски особено доколку во нивните семејства живеат луѓе коишот имаат мали деца. И да се почитуваат сите препораки коишто ги има Институтот и сите надлежни институции, вели таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Пожари беснеат во регионот. 

 Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Властите за цивилна заштита на Грција наредиле евакуација на пет населби во близина на Атина поради големи пожари што беснеат југоисточно од главниот град и во близина на најголемата поморска база во земјата на островот Саламина, пишува грчки „Катимерини“. Освен на овие пожари, пожарникарите интервенирале и на повеќе огнени стихии северозападно од градот и во северна Грција. Поради сушата, ризикот од пожари останува висок во поголемиот дел од Грција, според грчката агенција за цивилна заштита. Земјата, кон крајот на летото, се соочува со топлотен бран со температури до 40 целзиусови степени, а се предвидува дека тој ќе трае до почетокот на следната недела. Активни пожари има и во 5 општини во Црна Гора. Како што соопшти црногорското министерство за внатрешни работи пожари беснеат во Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ. Во некој области побарана била помош и од воздухоплови за гасење на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли

6.932 прекршоци и 503 кривични пријави.

Зајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, како и 33 прекршоци сторени од возачи на велосипеди.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.146, СВР Битола – 992, СВР Велес – 856, СВР Куманово – 583, СВР Штип – 544, СВР Тетово – 541, СВР Охрид – 420 и СВР Струмица – 327, додека од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 556 прекршоци.

Од вкупно констатираните прекршоци, 5.678 се однесуваат на неносење заштитен шлем – кацига при управување со овие видови возила.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во текот на спроведените контроли констатирани се и 15.715 други прекршоци, а против 503 возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите акциски контроли на целата територија на државата, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Апелираме до сите возачи на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила одговорно да учествуваат во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитен шлем – кацига и да не управуваат под дејство на алкохол или други психоактивни супстанции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победи

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. 

РК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победи

Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет.

Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот и на трофеите кои низ годините ги прославуваа заедно тимот и неговите верни навивачи.

Јубилејниот дрес наскоро ќе биде достапен и во официјална продажба, овозможувајќи им на сите вардарци, навивачи и симпатизери да го носат клубот со себе и да бидат дел од новите предизвици во сезоната 2026/27.

Вардар денес требаше да го одигра натпреварот против Динамо Панчево, но мечот е официјално одложен. Екипата се соочи со серија повреди и вирусна инфекција која ги погоди ракометарите по завршувањето на меморијалниот турнир во Охрид.

Следниот предизвик, доколку здравствената состојба на екипата дозволи, е на 2 септември во Гевгелија, каде Вардар против ГРК Охрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на Македонија.

Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговата сила и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат неговите навивачи. Веруваме во Вардар. Веруваме во победата. И типуваме на нова шампионска титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер