ЗдравјеАндоновска: Се проверува дали има оштетени реагенси во ИЈЗ,откако некој ги исклучил фрижидеритеСе проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат.Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи. - Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА. Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава. - Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска. Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени. По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи. Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура. - Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветБритански Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на ПутинВелика Британија пресретна руски воен авион откако го премести својот носач на авиони во Арктичкиот круг за поддршка на мисиите на НАТО.Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на минатата недела, како дел од маневар што го опиша како „небезбеден и непрофесионален“. Русите фрлаат подводни микрофони веднаш до британскиот носач на авиони Министерството соопшти дека руски авион фрлил голем број уреди што служат како подводни микрофони за пронаоѓање и следење на подморници - во непосредна близина на носачот на авиони „HMS Prince of Wales“. Британските борбени авиони „F-35“, кои полетаа од палубата на гореспоменатиот носач, ги пресретнаа и ги придружуваа руските авиони на 2 јули. „HMS Prince of Wales“ - еден од двата британски носачи на авиони - е исто така првиот европски носач на авиони што спроведува операции на воздушна одбрана на НАТО користејќи авиони „F-35“. Британците ја преземаат командата над елитните сили Овој потег доаѓа во време кога Велика Британија за прв пат ја презема командата над единицата за специјални операции на алијансата. Министерството за одбрана ја опишува единицата како „ударна игла“ на тимовите за брза реакција на НАТО, кои „можат да бидат распоредени насекаде во светот за неколку дена“. Исто така, минатата недела беше објавено дека суперјахтата на Владимир Путин, вредна 100 милиони фунти, пловела покрај брегот на Норвешка на пат кон Русија. „Знаеме каде е неговата јахта, Путин е под зголемен притисок“ Во интервју за Политико, британскиот министер за одбрана Ден Џарвис одби да потврди дали „HMS Prince of Wales“ го следи бродот, но кратко рече: „Знаеме каде е“. „Фактот дека оваа јахта се оддалечува е уште еден борбен показател - да употребам фраза од моето воено минато - дека Путин е под зголемен притисок“, додаде тој. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Ф-35 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во СкопјеСе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаСДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМОва не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата. Во таа група се наоѓаат луѓе кои директно учествуваа во креирањето на катастрофалните изборни резултати во 2024 година - од шефот на изборниот штаб во Првата изборна единица, до идеолозите на програмата со која СДСМ беше тешко поразен. Кога партијата се најде во најтешка состојба, тие се повлекоа. Сега, кога СДСМ се опорави, истите тие се враќаат - не за да помогнат, туку за да ја нападнат однадвор, во координација со структури блиски до власта. Фактот што средбата се одржува зад затворени врати, без никаква транспарентност, а главниот фокус е внатрешен напад врз раководството на СДСМ, а не критика на политиките на Мицкоски, говори сам за себе. Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата. Учесниците во оваа иницијатива - дел од старата и новата УДБА, луѓе кои ја доведоа партијата до историски најниска поддршка, и кои сега соработуваат со ЗНАМ и други партии - не се реформатори. Тие се политички опортунисти кои, откако не успеаа да ја урнат СДСМ одвнатре, сега се обидуваат да го направат тоа однадвор, во сервис на истата власт против која наводно се борат. СДСМ нема да дозволи нејзината судбина да ја одлучуваат затворени состаноци во хотели, ниту пак луѓе кои ја напуштија партијата кога беше најтешко, а сега се враќаат како „спасители“. Вистинската консолидација на СДСМ се случува на терен, меѓу членството и со раководство кое ја презеде одговорноста во најтешкиот момент. Сè друго е само нова верзија на ЗНАМ - проект за слабеење на опозицијата во корист на националистичката власт. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook