Андоновска: Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип, да се избегнуваат собири - Канал 5

Андоновска: Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип, да се избегнуваат собири

Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. 

Андоновска: Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип, да се избегнуваат собири

Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, денеска изјави дека во согласност со податоците во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собирања и е нешто што е очекувано.

- Пикот на грип се очекува во втората половина на месецот и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Во однос на возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 се деца на возраст до четири години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години, рече д-р Андоновска.

Посочи дека пријавите за заболени ги добиле од 18 места и според добиените податоци, најмногу заболени се регистрирани во Скопје - 716, во Тетово - 339, во Куманово - 150, во Велес - 109, во Штип - 60, во Дебар - 54, во Гостивар - 49, во Прилеп - 45, во Охрид - 44, во Битола - 40, во Струмица - 38, а во останатите градови како Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод, Радовиш бројот на заболени е помал од 30.

- Во Дебар се бележи многу висока активност на грипот, во Велес и Тетово се бележи висока активност, средна активност е регистрирана во Скопје, Куманово и во Штип, а во десет единици се бележи сезонска регуларна активност, додека во две единици како Радовиш и Демир Хисар се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во досегашниот тек од почетокот на сезоната не се регистрирани починати лица кои асоцираат на грип. Се забележува значително зголемување на бројот и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од годинава за првпат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво, рече д-р Андоновска.

Во однос на општите мерки, таа појасни дека тие кои не се заболени да избегнуваат собири, престој во простории, молови каде има голем број луѓе, да се избегнува контакт со заболени или луѓе со симптоми на кивање и кашлање, често да се мијат раце со сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни стилови, редовно пиење вода, да се консумира лесна храна, витамини и минерали.

- Кај оние кај кои се констатиран грип препораките е да се јават кај својот матичен доктор, да останат дома, да не се оди на работа, да не се носат децата во училиште, не само заради пренесување на вирусот, ова е важно и за болните, да не ги изложуваме ни децата ни возрасните. Доколку е докажано дека имаат грип треба да бидат во домашни услови, да мируваат, да примаат симптоматска терапија препишана од матичен лекар. Многу е важно доколку се појават симптоми да се остане дома. Кај ризичните категории граѓани, над 65 години, кај децата, бремените жени, хронично болните доколку има влошување на состојбата да се јават кај својот матичен лекар, потенцира д-р Андоновска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека годинава циркулира вирус на грип од типот А и дека како Институт за јавно здравје ќе продолжат да ја следат состојбата во однос на тоа дали има пораст на заболени од грип, а доколку оценат дека бројките се премногу високи може да дадат како препорака да се донесе некаква мерка.

Според податоците на ИЈЗ, во однос на сезоната 2025/2026 генерално значи од почетокот на сезоната до денеска, бројот на случаи на грип и заболувања слични на грип изнесува 3.825. Споредено со истиот овој период минатата сезона, кога бројот бил 1.335, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,8 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони вкупно се регистрира зголемување од 20,6 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер