Анџелина ја ангажираше најмоќната адвокатка во светот, Бред во очај од страв дека ги губи децата (ОБНОВЕНО)

Бидејќи се разведува од сопругот Бред Пит, славната актерка Анџелина Џоли се одлучила да ја ангажира адвокатката Лора Васер која има завидна банковна сметка и кариера благодарејќи на бракоразводните парници на познатите парови.

Лора го застапување и Џони Деп во бракоразводната парница со Амбер Херд и пејачката Бритни Спирс во парницата со Кевин Федерлајн околу старателството над децата.

„Лора наплатува дури 850 долари од час за своите адвокатски услуби и одбива клиенти кои имаат помалку од 10 милиони на своите сметки“ – пишува „Bloomberg Businessweek”.

Клиенти на Лора биле и Стиви Вондер, Шекил О’Нил, Ештон Кучер, Џенифер Гарнер и Ким Кардашијан.

Оваа адвокатка веќе ја познава Анџелина бидејќи ја застапуваше и во 2003 година кога таа се разведуваше од Били Боб Тортон.

foto: Getty

"The Sun" јавува дека деновиве Бред Пит е во очај дека ќе ги загуби децата поради нешто што не го сторил. Таблоидот цитира два члена од персоналот на Бред и Анџелина, кои велат дека тој е сам во куќата во Л.А. а таа со децата е во Малибу.

- Никогаш не сме го виделе во ваква состојба. Расеан е и нервозен, потполно уплашен. Ми рече дека се плаши дека ќе ги загуби децата за нешто што не го направил и дека сите ќе мислат дека е лош татко. Но не е така.Децата никогаш не се жалеле од него иако е построг родител од Анџелина. Но немало тепање или казнување - велат тие.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер