3Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
Шоу бизАнџелина Џоли во биографски филм за Марија КаласАнџелина Џоли снима биографски филм за славната певица Марија Калас, па на интернет се појавија фотографии од снимањето во Париз, Франција.На сликите, Џоли во насловната улога на филмот „Марија“ ги носи омилените модни парчиња на Калас - плетени џемпери, тркалезни, топчести мотиви и луксузна облека. А пак, обожавателите и следачите постојано коментираат дека оскаровката изгледа речиси „непрепознатливо“ во нејзината нова улога, пишува „Јаху“. По освојувањето на посакуваната улога, Џоли изјави дека оваа улога ја сфаќа сериозно и одговорно, зашто се работи за животот и наследството на Калас. - Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Можноста да раскажам повеќе од приказната за Марија, со него, и со сценариото на Стивен Најт, е сон за мене, истакна Џоли. Претстојниот филм, според првичните информации, се сосредоточува на турбулентниот живот на легендарната грчко-американска оперска дива во 1970-тите. Снимањето сѐ уште е во почетна фаза, а киноприкажувањата се закажани за 2024 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакарОсновното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за ДубаиФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион. Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки. Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите. Со ова Филипче е директно против Македонија. На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook