Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд - Канал 5

Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд

 Американската глумица Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да почне ново поглавје во својот живот, многу веројатно - вон САД.

Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд

Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година - осум години откако поднесе барање за развод, според Џеј Бенџамин - глумец и продуцент чиешто познанство со Џоли датира од 2005 година.

- Не може доволно да се оддалечи од драмата... Единствениот начин да се одмори е да си замине. Таа ќе си оди и ќе се опушти - ќе прави само работи што го движат нејзиното срце, душа и страст. Таа е прекрасна, талентирана и великодушна жена, додаде Бенџамин.

Џоли и претходно изрази желба да го напушти Лос Анџелес, нагласувајќи дека е врзана за градот само додека сите нејзини шест деца од врската и бракот со Пит не наполнат 18 години. Тоа ќе се случи во јули оваа година, кога близнаците Нокс и Вивиен го слават 18. роденден. Џоли и Пит го имаат и Медокс (24), кој е роден во Камбоџа, Пакс (22) посвоен од Виетнам, ќерка им Захара (20) од Етиопија и Шајло (19).

Нејзиниот однос со Пит беше затегнат по инцидентот во приватен авион во 2016 година, кога Џоли го обвини за физички и вербален напад врз неа и децата. На Џоли ѝ беше доделено примарно старателство, а некои од децата оттогаш одлучија да се откажат од презимето Пит.

Глумицата, инаку, оваа година планира да го минува своето време меѓу Њујорк - каде што го води својот моден колектив „Ателје Џоли“, Европа каде што бара „повеќе приватност“, и Камбоџа - нејзиниот долгогодишен втор дом, чиј граѓанин е.

Иако веќе не работи за Обединетите нации, нејзината хуманитарна работа продолжува. Таа ја посети Газа со американска делегација, каде што се сретна со хуманитарни работници и повредени Палестинци кои се лекуваат во Египет.

- Не би била глумица денес, изјави таа за „Волстрит џурнал“ во 2023 година, објаснувајќи дека се налутува на очекувањето дека јавните личности споделуваат толку многу за себе. - Кога почнував, немаше потреба да бидеме толку присутни во јавноста.

И, додека таа се повлекува од глумата, Бред Пит сѐ повеќе се вкоренува во Холивуд. Неговата продуцентска куќа „План Би ентертејнмент“ (Plan B Entertainment) сѐ уште ужива успех со филмовите како „Битлџус“ и серијата во три дела - „Проблем со телото“, а самиот тој ја има главната улога во драмата „Формула 1“ (F1).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. 

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија.

- Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија.

- Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

„Добар ден и од мене,

Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните.

Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми.

Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор.

Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна.

Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти.

И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти.

Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина.

Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче

Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче за ситни политички поени.

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче

Челниците на СДС веќе ја преминаа границата.

Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството.

Да ја потсетиме јавноста дека поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро.

Така, пред година дена, велеа ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи.

Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа по тоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства.

Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДС и Филипче.

Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите. Поминаа месеци, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите.

Ширеа хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиваа пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси. ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови.

И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДС лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност.

Затоа, ваквиот однос на функционери на СДС е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице.

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер