3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Други спортовиАндерсон ја одбрани светската титула во скиатлонШвеѓанката Еба Андерсон (27) ја одбрани денеска титулата во скиатлон на Светското првенство во нордиско скијање кое се одржува во норвешки Трондхајм.Швеѓанката ја одбрани светската титула во фото финиш пред Норвежанката Тереза Јохауг. Бронзата ја освои Јона Сундлинг од Шведска. Трката се одржа пред повеќе од 16.000 гледачи, а на трибините беа и норвешкиот крал Харалд и неговата сопруга Соња. Годинава трката во скиатлон во женска конкуренција прв пат беше во должина о 20 километри, откако претходно се натпреваруваа на 15 километри. За 27-годишната Андерсон ова е деветти медал на светските првенства, а четврто злато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМДенеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“. Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот. Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.Тагови: аеродром дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“. Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица. Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден. На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter