3Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалАнчелоти сака да остане селектор на Бразил до 2030 годинаСелекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, во интервју за „ESPN“ изјави дека сака да остане со „Кариоките“ до 2030 година.- Да, сакам да ја тренирам бразилската репрезентација од 2023 година. Подготовките за Светското првенство се нешто посебно за бразилската репрезентација. Потпишав едногодишен договор. По Светското првенство, сè ќе биде јасно. Мислам дека беше исправно во тој момент да потпишам едногодишен договор. Немам проблем ако конфедерацијата сака да продолжи со соработката. Нема проблем. Како што реков, многу сум среќен тука, моето семејство е исто така среќно. Имаме време да разговараме за тоа, не сум против продолжување на работата. Да останам до 2030 година? Тоа би било одлично, рече Анчелоти. Италијанскиот фудбалски стручњак, исто така, истакна дека за да му се олесни адаптацијата на животот во Бразил, тој посетува часови по португалски јазик. Под водство на Анчелоти, Бразилците одиграа четири натпревари: победи над Парагвај и Чиле, нерешено против Еквадор и пораз од Боливија. Бразилците се квалификуваа на Светското првенство 2026 година. Во октомври, бразилската репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари - против Кореја (10 октомври) и против Јапонија (14 октомври). Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската делегација беше дел од 81-та сесија на ГС на ОН, премиерот Мицкоски објави видеоПремиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација во Њујорк на фејсбук објави видео од 81-та сесија на ГС на ОН со светските лидери.„81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации со светските лидери, со цел повторно зајакнување на глобалната соработка, давање клучен поттик на Целите за одржлив развој и поттикнување заедничка акција за мир, достоинство и еднаквост на здрава планета.“- стои во описот на видеото. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо хотел во Охрид пронајдена почината Германка На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид,била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија, информира Министерството за внатрешни работи. -Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, стои во билтенот од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГерманците донесоа одлука: „Hyundai Ioniq 6N“ освои престижна наградаЦелосно електричниот „Hyundai Ioniq 6N“ го освои првото место во категоријата „Перформанси“ на изборот за Германски автомобил на годината (GCOTY) за 2027 година.Одлуката ја донесе независно жири составено од автомобилски новинари, кои го препознаа моделот по неговите перформанси, управливост и карактер фокусиран на возачот. Оваа награда од „GCOTY“ доаѓа откако „Ioniq 6N“ беше прогласен за „World Performance Car“ пред само неколку месеци. Моделот користи технологии дизајнирани да ја истакнат спортската природа на електричниот автомобил, вклучувајќи ги системите „N e-Shift“ и „N Active Sound+“, за кои „Hyundai“ наведува дека имаат цел да обезбедат подиректно возачко искуство. Развиен за употреба и на јавни патишта и на тркачки патеки, „Ioniq 6N“ се заснова на три столба од филозофијата на „N“: „Corner Rascal“ (мајстор за свиоци), „Racetrack Capability“ (способност за тркачка патека) и „Everyday Sports Car“ (спортски автомобил за секојдневна употреба). „Оваа награда ја потврдува нашата посветеност да го испорачаме возбудливото чувство при возење што го очекуваат љубителите на автомобили со високи перформанси, без никакви компромиси“, изјави Џун Парк, потпретседател и раководител на групацијата за управување со „N“-дивизијата. Тој додаде дека „Hyundai“ ќе продолжи да развива нови технологии и да го користи мотоспортот – вклучувајќи ја и трката „24 часа на Нирбургринг“ – како платформа за развој на идните модели од серијата „N“. Извор: Б92Тагови: Hyundai Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01