3Каква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позиции
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ФудбалАнчелоти: Реал е способен да победува и без Куртоа, Милитао, Карим и ВиниТренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим е доволно силен да победува и без неколкумина фудбалери кои минатата сезона беа носители на играта.Реал синоќа на гостински терен ја победи Селта Виго со (1:0) во 3. коло од шампионатот на Шпанија. - Напаѓачката линија е комплетирана. Резултатите говорат сами за себе. Без Карим Бензема и без Винисиус Жуниор постигнавме шест гола. Тоа значи дека имаме ресурси. Способни сме да победиме без Куртоа, Милитао, Карим и Вини. Ова значи дека планот за игра функционира добро. Што се однесува до промашениот пенал, не знам што се случи на теренот. Му кажав на Валверде дека Модриќ треба да шутира бидејќи Винисиус повеќе не беше на теренот. Тие одлучија Родриго да го изведе пеналот. Веројатно Валверде немаше време да ги пренесе моите зборови за Модриќ. Ова малку ме налути, но можеби е недоразбирање. Со ова ќе се занимаваме во наредните денови. Головите не се најважниот квалитет на Белингем, но тој се истакнува во тоа. Добро се движи и без топка, паметен е и е на вистинското место во вистинско време. Тој има многу способности кои можат да се истакнат, изјави Анчелоти за клупскиот сајт. Реал Мадрид е прв на табелата во шпанското фудбалско првенство со максимални три победи и девет освоени бодови. Селта е на 16. место со еден бод. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаРеформската агенда ќе биде надградена и ќе предвидува околу педесетина чекори, најавува СалиОбемот на Реформската агенда ќе се прошири, најавува министерот за европски прашања Беким Сали, по како што појасни, позитивните пораки добиени од Брисел за динамиката на македонскиот евроинтегративен пат. Според Сали, освен редовните обврски, реформската агенда ќе биде надградена со дополнителен пакет од неколку десетици нови чекори, со што воедно, би се зголемила и финансиската поддршка за земјава преку европскиот План за раст. -Имаме повеќе чекори, тоа се 30тина кои што мора да ги исполниме и работиме со институциите имајќи во предвид дека нормалниот тек на реализација на реформската агенда треба да биде до крај на 2027 година со грејс период до декември 2028 година, а дополнително сега работиме на пакет кој што би опфатил околу 50тина чекори, се уште не е дефиниран бројот затоа што роковите се уште се отворени. Значи ние треба да понудиме дополнителни чекори кои што ние би можеле како институции да ги исполниме за да можеме тој пакет од 750 милиони евра да го зголемиме како можност за искористување на вкупниот буџет од 6 милијарди евра, предвиден за Западен Балкан.- Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања Сали комуникацијата со Европската унија ја оцени за одлична, што не може да се каже и за онаа со Бугарија. Тој вели, не се градат добрососедски односи со изјави како неодамнешната на бугарската претседателка Јотова за време на одбележувањето на празникот Илинденско-Преображенско востание. -Добрососедските односи не се градат со давање на такви изјави, тие се градат со поддршка на држава која што има аспирации кон ЕУ. // Тоа е начинот како тие сакаат да покажат дека се посилниот „комшија„ кој што не условува во интегративниот процес, меѓутоа, јас сметам дека разумот на крај ќе надвладее над сите луѓе кои што одлучуваат во развојот на еден регион. - Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања Во однос на новиот план за проширување предложен од еврокомесарката Марта Кос кој вклучува построги правила и нова методологија, ресорниот министер информираше дека од ЕУ се уште не пристигнал официјален документ ниту пак се воделе разговори за новите критериуми. Сали додаде дека новата методологија би се издефинирала по околу две години, а дотогаш како што вели, следи период на пораки до сите земји кандидатки, дека треба да се подготват за процесот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце.По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце, стратешката делница која треба да ја зајакне инфраструктурната врска и сообраќајната безбедност кон и од Косово, граничен премин кој годишно го минуваат 54.000 камиони. Ваквите проекти се владин приоритет, и ќе донесат сериозен бенефит за граѓаните, како и иднина за младите, порача премиерот Христијан Мицкоски. Неговиот колега, косовскиот премиер Албин Курти, кој беше присутен на поставување на камен темелникот пак посочи инвестицијата ќе влијае врз економскиот развој и животот на граѓаните од двете земји. -После нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Ветување кое што беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време да биде овој проект реализиран. Од особено значење ќе биде за нашите две земји, Косово и Македонија, за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува со исклучително важен атрибут, особено во 21 век. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада -Ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка, за граѓаните и економиите на нашите две земји, ние сме две држави кои имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Македонија.- Албин Курти – Премиер на Косово Механизацијата е веќе на терен, а изградбата на автопатот ќе биде сложен процес оти теренот е ридско-планински. Предвидени се виадукти, бројни мостови, галерии, потпорни ѕидови и тунели. Во двата правци ќе има по две коловозни ленти и по една помошна, а целосната ширина ќе биде околу 27 метри. Повеќе од половина од експропријацијата е завршена, а процесот се очекува да се заокружи за еден месец. Целта е Македонија да стане инфраструктурно срце на Балканот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. -Автопатската делница од 10,5 километри, исклучително тежок терен, ќе имаме пет тунели, четири галерии, 11 моста. Иако делницата во километри делницата е кратка, доста е комплицирана, но со завршувањето на оваа делница ќе имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје и Приштина, но исто така го отвораме Скопје и Македонија кон најмалце две пристаништа, ова е алтернативно поврзување со пристаништето Драч, но исто така и со поврзување со пристаништето Бар. - Александар Николоски – Вицепремиер/ Министер за транспорт На поставувањето на камен темелникот беше присутен речиси целиот државен врв, како и европски делегации. Проектот се финансира од ЕБОР со 167 милиони евра, а земен е и грант од околу 30 милиони евра од рамката на Западен Балкан. Со изградбата, овој пат ќе се поврзе директно со автопатот до Приштина, кој е веќе направен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаКаква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позицииСе затвори ли случајот со дата центар во Пехчево или сепак ќе оживее идејата за изградба?По вчерашната одлука на општинскиот совет кој едногласно ја отфрли иницијативата за проектот, градоначалникот Александар Китански во телефонски разговор за утре најави дека ќе има повеќе детали и појаснување дали е можно овој проект планиран во Панчарево повторно да се најде на дневен ред. Во меѓувреме лидерот на СДСМ Венко Филипче обвинува дека власта имала план под маса да протне изградба на повеќе дата центри кои според него ќе ги доведат во опасност струјата, водата, земјоделските површини и живиот свет во реките. Филипче стигнал и до документ за кој тврди дека е доказ оти некоја компанија добила дозвола од владата за изградба на дата центар со пристап до реката Вардар. -Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Што Македонија ќе прави со струјата која што во еден дел целосно ќе биде искористена од тие дата-центри, затоа што тие трошат многу струја? Понатаму, што ќе се случи со цената на струјата? - Венко Филипче – претседател на СДСМ Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за Канал 5 тврди дека струјата и водата нема да бидат загрозени со било каков дата центар изграден во земјава. Тој уверува дека е предвидено сите големи инвестиции да се снабдуваат со електрична енергија од обновливи извори, без да ја трошат постојната струја, а во однос на водата уште при одобрувањето на проектот ќе се барало технологија за минимална потрошувачка. -Најважно е граѓаните да знаат едно: нема да дозволиме инвестиција во било кој центар за податоци да значи помалку вода или помалку струја за домаќинствата. Овие центри трошат електрична енергија како било кој индустриски капацитет, а зависно од технологијата можат да користат и вода за ладење, која не се троши туку циркулира и потекнува најчесто од подземни води а не од постоечки реки или водоводи. Затоа, пред да се одобри ваков проект, точно ќе се знае од каде ќе доаѓа енергијата, колкава ќе биде потрошувачката и каков систем за ладење ќе се користи. - Стефан Андоновски - министер за дигитална трансформација Поддршка за изградбата на дата центри низ саркастична објава даде поранешниот премиер Димитар Ковачевски... „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај... што би правеле денес со вишокот вода..“ – напиша тој на фејсбук. Спротивниот став од партискиот според Филипче не значи раскол, туку демократија во партијата. -Го читав постот. Раскол на тоа ниво со Димитар Ковачевски никогаш немало на ниту една тема. Што е заклучокот од ова што го говорите.. Не е раскол, туку доказ дека ние сме вистинска демократска партија и сечие мислење се цени и може да се каже во јавноста.- Венко Филипче – претседател на СДСМ Вчера премиерот Мицкоски за иницијативата во Пехчево рече дека се работи за приватна инвестиција, но дека Владата генерално ги поддржува тие кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Според него дата центрите се новата нафта и треба да се градат без да се наруши животната средина. Од неговата партија пак обвинија дека зад иницијативата во Пехчево стоел Драги Ѓорѓиев, поранешен пратеник од СДСМ, кој се појавува како косопственик на парцелите со вкупна површина од 30 декари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook