Анчелоти останова на клупата на ПСЖ

Претседателот на ПСЖ Насер ел Келаифи изјави дека тренерот Карло Анчелоти сигурно ќе го води клубот и следната сезона, богатиот газда на клубот од Париз изрази надеж дека и Дејвид Бекам следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.



-Анчелоти е под договор уште една година. Во моментов имаме 7 бодови повеќе од второпласираниот Олимпик М, играме во четвртфиналето од Лигата на шампионите и во Купот на Франција , Анчелоти направи одлична работа , изјави за францускиот Л Екип сопственикот на Пари Сан Жермен Ал Калаифи.

Претседателот воедно порача дека клубот сака да го продолжи договорот со Дејвид Бекам кој истекува во јуни.

-Искрено го сакам во клубот и за следната сезона , тој е феноменален и на теренот и надвор од него, сигурно ќе зборуваме на оваа теме. Бекам како човек, фудбалер и амбасадор одлично влијае на целата екипа. Сите во клубот го обожаваат, додаде Ел Калаифи.
За престојаното четвртфинале против Барселона првиот човек на ПСЖ изјави.

„Реално ќе играме против најдобриот клуб на светот. Верувам дека играчите ќе дадат 200 % од своите можности , бидејќи овој натпревар ќе биде многу повеќе од фудбал“, рече Ел Калаифи.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер