Анчелоти го повика Нејмар да се подготви за Мундијалот 2026 - Канал 5

Анчелоти го повика Нејмар да се подготви за Мундијалот 2026

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го повика Нејмар добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, нагласувајќи дека тој е „многу важен играч“ и покрај бројните повреди.

Анчелоти го повика Нејмар да се подготви за Мундијалот 2026

„Тој мора добро да се подготви и да има доволно време за тоа“, рече Анчелоти во интервју за Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

Триесетитригодишниот Нејмар во вторникот се договори со бразилски Сантос да остане во клубот до крајот на годината, продолжувајќи го својот втор мандат во клубот каде што порасна и каде што се врати на крајот на јануари. Сепак, како и периодот додека настапуваше за ПСЖ (2017-2023) и саудиски Ал-Хилал, ова враќање беше обележано со чести повреди.

„Тој е играч кој е исклучително важен за нас пред Светското првенство“, додаде Анчелоти.

Нејмар одигра само 12 натпревари во последните пет месеци во сите конкуренции, постигнувајќи три голови во првенството на Сао Паоло. Во бразилското националното првенство настапи на четири од 11 натпревари на својот тим.

Нејмар, кој е најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 голови (два повеќе од Пеле), иако беше поканет во репрезентацијата за натпреварите со Колумбија (2:1) и Аргентина (1:4) во март, не се појави во националниот тим поради нова повреда на бутот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Светската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени).

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот.

„Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“

Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена.

Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме.

Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи.

„Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА.

Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.

Земјотрес во Италија близу Неапол,  21 повреден, двајца во критична состојба (

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“.

Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси.

Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер