Анчелоти би сакал на се врати на клупата на РеалМ. по Бразил - Канал 5

Анчелоти би сакал на се врати на клупата на РеалМ. по Бразил

Еден од најтрофејните светски фудбалски тренери, 66 годишниот Карло Анчелоти  би можел да се врати во Реал Мадрид по завршување на работата како селектор на Бразил.. 

Анчелоти би сакал на се врати на клупата на РеалМ. по Бразил

Легендарниот тренер ја остави вратата отворена за можен трет мандат на „Сантијаго Бернабеу“ по Светското првенство, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико .

Многумина веруваа дека клупската кариера на Анчелоти е завршена кога тој го презеде кормилото на селекцијата Бразил на крајот од минатата сезона. Сепак, легендарниот италијански тренер не ја исклучува можноста за враќање во Реал Мадрид, нагласувајќи дека тоа е единствениот клуб што би можел да го привлече да ја продолжи својата тренерска кариера по епизодата со репрезентацијата.

Најтрофејниот тренер во историјата на Реал Анчелоти емотивно се збогува со Реал Мадрид на крајот од минатата сезона, оставајќи го клубот како најуспешен тренер во неговата историја со дури 15 освоени трофеи во два мандата.

По три децении тренерска работа, се чинеше дека одењето во Бразил ќе биде неговиот последен голем ангажман. Сепак, Италијанецот потврди дека не ја исклучува можноста за враќање на клупата на Реал по трет пат.

Во разговор за ESPN претходно оваа недела, Анчелоти отворено зборуваше за својата иднина со бразилската репрезентација и призна дека нема проблем да го продолжи својот договор со кариоките.

„Немам проблем ако Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) сака да продолжи“, рече тој. Анчелоти потпиша едногодишен договор, кој важи до крајот на следното Светско првенство, но додаде дека би било „убаво“ да остане на чело до турнирот во 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Напад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Нападот го извршил ученик

Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба.

Уапсен по бегството

По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев.

Фото:„Policja Mazowsze“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Светка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. 

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија.

„Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска.

Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек.

„Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот.

„Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска.

Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти.

„Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска.

YouTube video

Скопје, 07.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Затворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема.

Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер