3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаАнастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. “„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. Заедно покажавме дека општината може да се води со работа, чесност и визија. Ниту еден проект, ниту една промена не се случи сама од себе – сè што направивме е резултат на тимска работа, упорност и љубов кон нашата општина“, истакна на трибината на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов. Во своето обраќање пред присутните, Анастасов се осврна на сработеното во изминатиот период. „Од изградени и реконструирани улици, подобрени училишта и градинки, до нови паркови и чиста средина. Но најголемиот успех не е во бројките и во објектите, туку во чувството дека живееме во подобра, поорганизирана и поубава општина во која никој не е заборавен. Акцентот го ставивме директно на граѓаните, вложивме многу во социјалната програма, со низа мерки и проекти наменети да го олеснат секојдневниот живот на нашите сограѓани од социјален ризик,инвестиравме во образованието, детската заштита, инфраструктурата, спортот, младите и културата“, нагласи Анастасов. Презентирајќи ги бројните планирани проекти за наредните четири години, Анастасов ги издвои реконструкцијата на градскиот плоштад Свети Гаврил Лесновски, фасадна и покривна реконструкција на постојни згради за колективно домување, техничка вода за сите индустриски капацитети и алтернативни системи за водоснабдување во руралните средини, детска градинка во населба Пробиштип. „Продолжуваме да ги вракаме парите кај граѓаните, таму каде што и припаѓаат. Јас го гледам општинскиот буџетот како алатка за подобар живот на секој граѓанин“, нагласи Анастасов и најави 150 ваучери годишно по 20.000 денари за бањско лекување за нашите пензионери, велигденска субвенција од 6.000 денари за корисници на социјална помош, новогодишна субвенција од 4.000 денари за корисници на правото на помош и нега од трето лице, еднократна парична помош од 30.000 денари за лицата со попреченост и корисници на додаток за мобилност, 50% субвенција за набавка на инвалидски колички и скутери на електричен погон за лицата со попреченост. Во фокусот на програмата на Анастасов се младите, за кои се обезбедени бројни мерки. „Седумдневен летен одмор за сите полуматуранти од општината, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти, 6.000 денари за секое запишано прваче, 3.000 денари стипендија во прва година за секој запишпан средношколец во Пробиштип, ја зајакнуваме еднократната парична помош за новороденче за прво дете 10.000 денари, второ дете 20.000 денари, трето дете – 3 месеци по 30.000 денари и четврто дете 12 месеци по 30.000 денари. За младите ќе воведеме ослободување од комуналии за изградба или доградба на куќа за млади брачни парови до 35 години, субвенционирање на стартап и бизнис идеи од 120.000 до 200.000 денари за млади до 29 години, 50% субвенционирање на набавка на лаптоп или таблет во текот на четиригодишното образование до 15.000 денари за секој средношколец, најави Анастасов. Најави и бројни инвестиции во патната инфрастуктурата, како и во секое населено место во општина Пробиштип. „Реконструкција на плоштад во Злетово, парк и дополнителни содржини кај детско катче во Злетово, реконструкција на стадионот во Злетово, реконструкција на Леговец – Ратавица, паркинг во Лесново, адреналински парк во Лесново, реконструкција на патот до село Марчино, изградба на детско катче и простор за рекреација во населбата Шилек“ „Ова не се само планови на хартија. Ова е патоказ за иднината кој ќе го следиме исто како што во изминатите години следевме и реализиравме сè што ветивме, а и многу повеќе. Јас докажав дека сум градоначалник на сите граѓани, а не градоначалник на партија. Гарантирам дека секогаш ке бидам со народот, а не над народот“, порача Анастасов. Ги повика гласачите да се обединат под слоганот „Пробиштип за сите“ и да покажат дека иднината на Пробиштип е во раце на граѓаните. „Ве повикувам – да излеземе сите на 19 Октомври, да ја заокружиме бројката на довербата, да заокружиме 5 и да ја продолжиме нашата заедничка приказна“, повика кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов,с е наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фаталната русокоса е во топ формаФатална русокоса е во топ форма, комбинезонот „доаѓа до израз“ за време на тренинг, а секој дел од телото изгледа како извајан.Една од најубавите спортски новинарки на светот, Италијанката, Дилета Леота уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот, а нејзините најнови фотографии од теретана никого не оставија рамнодушен. Популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота речиси секојдневно споделува активности на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание. Покрај својата одлична фигура, детали од приватниот живот и емотивни семејни моменти, таа често ги прикажува и резултатите од напорните тренинзи и дисциплинираниот начин на живот – токму затоа, по второто породување, таа успеа за многу кратко време да се врати на теренот. Овој пат, таа објави серија фотографии и видео од тренинг, а најмногу внимание привлече нејзиниот атрактивен стајлинг. Убавата Италијанка носеше виолетов комбинезон што максимално ја истакнуваше нејзината фигура, а сподели и неколку фотографии на кои позираше од различни агли. https://t.co/Hu2Sxco4H5 — Likeaboss (@Instastory88) November 10, 2026 „Мама миа“ – гласи коментарот на еден следбеник, а најпознатата 35-годишна италијанска спортска новинарка на Инстаграм има повеќе од 9 милиони следбеници.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долариЦрвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби. Исто така, изложен е и костумот во крем боја што Џексон го носеше во спотот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби на 7 декември. Предметите беа претставени во вторникот во Њујорк. Меѓу нив е изложен и костимот во боја на крем, кој Џексон го носел во музичкиот спот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Исто така, изложени се потпишана црвено-црна кожна јакна од спотот за „Thriller“, како и две јакни од турнејата „Bad“ (1987–1989): една потпишана јакна со токи и јакна со натпис „Special Officer“ (Специјален службеник) со кожни ремени. Колекцијата вклучува и две бели ракавици со светкави детали – едната од настапот на „Motown 25“ во 1983 година, а другата од турнејата „Victory“ во 1984 година. Изложени се и чевли носени за време на сценски настапи во 1990-тите години, како и ремен од периодот на „Bad“, изработен од сребро и 18-каратно бело злато, кој Џексон го носел на доделувањето на наградите „American Music Awards“ во 1989 година. Предметите се дел од аукцијата „Мајкл Џексон: Модното наследство“ („Michael Jackson: The Fashion Legacy“), организирана од аукциската куќа „Џулиенс“ (Julien's Auctions). Од аукциската куќа соопштија дека ова е најголемата колекција на сценски костими, модни додатоци и облека од музичките спотови на Џексон, која некогаш била понудена на продажба. Аукцијата се одржува во хотелот „Роузвуд“ (Rosewood Hotel) во Абу Даби и опфаќа повеќе од 100 предмети. Се очекува најголемо внимание да привлече јакната од спотот за песната „Thriller“, чиј дизајн е дело на костимографката Дебора Надулман Лендис. Од „Џулиенс“ не наведоа проценка за нејзината цена. Во 2011 година, истата аукциска куќа продаде јакна од истиот музички спот за 1,8 милиони долари. Ракавица од настапот на „Motown 25“ – за време на кој Џексон пред телевизиската публика за првпат го изведе „одењето на месечината“ (moonwalk) – е проценета на вредност меѓу 600.000 и 800.000 долари. „Џулиенс“ (Julien's) ја продаде истата ракавица во 2009 година за 430.000 долари. Јакна од турнејата „Bad“, потпишана од Џексон и подарена на фондацијата „Т. Џ. Мартел“ (T.J. Martell Foundation), се проценува на вредност меѓу 60.000 и 80.000 долари. „Јакната од ’Thriller‘ е онаа за која светот никогаш не престана да зборува“, изјави Мартин Нолан, коосновач на аукциската куќа „Џулиенс“, кога во октомври беше најавена продажбата. Покрај колекцијата на Џексон, во Абу Даби ќе се продаваат и предмети што ѝ припаѓале на принцезата Дијана – вклучувајќи фустани и лични предмети, како што е кошулата од „Ралф Лорен“ што таа ја носела за време на посетата на Босна и Херцеговина во 1997 година. На аукцијата ќе се најдат и предмети поврзани со Курт Кобејн, Брус Ли, Мадона и Ејми Вајнхаус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook