Тие предпладнево беа донесени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Таму е Михајло Видимлиски, михајло, дали заврши распитот, се знае ли одлуката на судот?
Во случајот „Делчевски ниви“, судуммина се осомничени за измама вредна 1,6 милиони евра. Двајца од нив се управители на „ЕВН Електрани Македонија“, според информациите станува збор за Игор Гиевски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Мирослав Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Тие како управители направиле анализа со лажни и невистините податоци за пренамена на земјиштето кое било откупувано од ЕВН, а со анализата управителите свесно ставиле многу повисока цена од реалната пазарна. На тој начин управителите го довеле во заблуда Управниот одбор на компанијата, да купи земјиште кое не можело да се пренамени од земјоделско во градежно иако било купувано за таа намена. Станува збор за 48 катастарски парцели во реонот на Делчево, Ветрен, Габрово и Берово, од кои 29 биле во сопственост на останатите осомничени.
-Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Правното лице со вкупна проценета пазарна вредност од 35.000 евра, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 1,6 милиони евра. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените.- ЈОРМ.
СДСМ на прес конференција објваи дека меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, поранашен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Влатко Илиевски, за кој владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
-Сите овие луѓе, освен што се осомничени за криминал, се луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и секако блиски на Мицкоски. Клучно прашање е каква е улогата на Христијан Мицкоски во оваа афера? Јавноста очекува одговори. Јавноста очекува одговорност и целосно расчитување на оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз институциите туку да ги остави да ја расчистат оваа афера и сите што го прекршиле законот да одговараат. – Дарко Каевски - пратеник и портпарол на СДСМ.
За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводите на СДСМ се како што вели, лаги и измислици.
-Четири и пол години сум претседател на партијата и најчесто тие што ги конструираат завршуваат со судски пресуди и тие треба да се извинат. Така беше во минатото, ќе биде понатаму. Знаат дека ќе одговараат за криминалот, па затоа сега лажат. Тоа мене ме мотивира за да работам уште повеќе како досега, чесно и посветено. Сакаат да ја дефокусираат јавноста. Да бидам прецизен, верувам во презумција на невиност, но секој што се огрешил треба да одговара пред судот, родена сестра или брат ако се треба да одговараат. – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Истрагата на скопското обвинителство се отвора откако вчера Финансиската полиција извести дека е поднесена кривична пријава за седуммина, од кои двајца во својство на управители на ЕВН Електрани за сторено кривично дело измама во служба за купопродажба на ниви во Делчево. Останатите петмина се осомничени за помагање.