Регионален состанок во Црна Гора: Западен Балкан мора да ја напушти илузијата за гас и да се сврти кон чиста енергија
1Регионален состанок во Црна Гора: Западен Балкан мора да ја напушти илузијата за гас и да се сврти кон чиста енергија
ЗабаваАнастасија Квитко: Мојот задник е широк повеќе од еден метар (видео/фото)Таа тврди дека немала ниту една пластична операција, туку своите “совршени облини“ ги изградила во тератана.Ќе бидам поголема, поубава и подобра од Ким Кардашијан и затоа ја предизвикувам на двобој, изјавила Анастасија Квитко (24), руска манекенка која своите облини ги нарекува “целосно природни“. Нејзината трансформација траела само пет години, а задникот сега и е поширок повеќе од еден метар, точно 105 сантиметри. „Моите пропорции се совршени, градите ми се 96 сантиметри, а струкот 63, објаснила таа. Прет три години од Русија се преселила во Лос Анѓелес бидејќи во нејзината татковина ја “малтретирале“ поради нејзиниот облик на телото. View this post on Instagram Good morning ☀️ A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on Dec 20, 2018 at 10:54am PST Доколку се споредат нејзините фотографии од претходно, може да се види како нејзиниот задник е екстремно заоблен, а тоа го постигнала на тој начин што ги отстранила сите масти од грбот и редовно носи мидер. Но, таа тврди дека немала ниту една пластична операција, туку своите “совршени облини“ ги изградила во теретана. View this post on Instagram Find your Miami Cuban Chain on traxnyc.com manufactured here in Miami 🏖️💛. Follow @traxnyc for your #jewelry needs. #goldchain #solidgold #cubanlink #traxnyc #bettercallpaul A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on Apr 24, 2018 at 10:31am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРегионален состанок во Црна Гора: Западен Балкан мора да ја напушти илузијата за гас и да се сврти кон чиста енергијаПретставници на граѓански организации за заштита на животна средина од целиот Западен Балкан, собрани во Црна Гора на регионална средба за декарбонизација на енергетскиот сектор на БалканотПретставници на граѓански организации за заштита на животна средина од целиот Западен Балкан, собрани во Црна Гора на регионална средба за декарбонизација на енергетскиот сектор на Балканот, упатија силен апел до владите низ регионот веднаш да ги запрат плановите за понатамошна гасификација и итно да ги пренасочат ресурсите кон праведна транзиција и обновливи извори на енергија. Додека регионот се соочува со неизбежно затворање на старите електрани на јаглен и растечките финансиски притисоци поврзани со воведувањето на цените на јаглеродот, вклучувајќи ги EU ETS и CBAM, граѓанските организации предупредуваат дека преминот кон фосилен гас е економски и еколошки ќорсокак. Анализата на CEE Bankwatch Network и Beyond Fossil Fuels покажува дека изградбата на планираните капацитети би го зголемила годишниот увоз на гас во регионот за 10,5 милијарди кубни метри - повеќе од три пати поголем од вкупната потрошувачка на фосилен гас во регионот во 2023 година - заканувајќи се да го заглави регионот во децениска зависност од скап увоз и проекти кои би можеле да станат финансиски неодржливи пред да бидат исплатени. [1] Особено загрижувачки е фактот што овие мегаломански планови се наметнуваат однадвор преку нова дипломатска офанзива на САД позната како „Рамка за мировни цевководи на Трамп“, чија цел е да се претвори Централна и Источна Европа во долгорочен потрошувач на американски течен фосилен гас (LNG), во директен конфликт со агендата за декарбонизација на Европската Унија. [1, 2] Минатата година Македонија најави почеток на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, иако процесот на експропријација сè уште не е завршен, а неколку правни прашања остануваат нерешени. Исто така, се планира изградба на најмалку две дополнителни термоелектрани на гас, со што значително се надминуваат ограничувањата предвидени во тековниот Национален план за енергетика и клима, односно во енергетската стратегија. Во 2025 година беше потпишан меморандум со „Казанџи Холдинг“ (Kazancı Holding) за изградба на гасни постројки и дистрибутивни мрежи, при што деталите за овој договор не се прецизирани. Организациите предупредуваат дека овие договори се користат како политичка маска за заобиколување на домашните закони, јавните консултации и стратешките документи. Оваа опасна динамика се одвива низ целиот регион, додека фактот дека ЕУ брзо се оддалечува од гасот се игнорира. Европската комисија јасно изјави дека нема да финансира нови проекти за гас во Западен Балкан, додека Европската инвестициска банка (ЕИБ) експлицитно го исклучи финансирањето за нови проекти за гас. Компаниите за централно греење во Србија, поради нивната голема зависност од увоз, веќе се соочуваат со зголемени финансиски притисоци, додека префрлањето на индустрискиот сектор на гас директно би ја поткопало конкурентноста на домашната економија. Целиот регион свесно се впушта во процес во кој милијарди евра јавни пари би можеле да се инвестираат во инфраструктура која наскоро можеби ќе мора да се затвори. [1, 3] Организациите собрани на регионалниот состанок нагласија дека Западен Балкан не смее да стане тест-полигон за валкани технологии и пазар за американскиот течен природен гас од кој развиените земји постепено се оддалечуваат. Регионот во моментов има неколку гигавати потенцијал во проекти за соларна и ветерна енергија кои се или на чекање или во фаза на планирање. Наместо да инвестираат во 2.700 километри нови регионални цевководи и мегаломански проекти за гас со странски корпорации, јавните средства и поддршката од меѓународните финансиски институции мора итно да се насочат кон енергетска ефикасност, модернизација на дистрибутивните мрежи, инсталација на топлински пумпи и складирање на енергија. Транзицијата мора да биде брза и праведна, а владите низ целиот Западен Балкан мора да престанат да губат драгоцено време потпишувајќи штетни проекти и конечно да почнат да го штитат јавниот интерес и здравјето на своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПринцот Хари сè уште го прогонува последниот разговор со мајка му: „Да знаев само...“Принцот Хари отворено прозборе за еден од најтешките моменти – последниот телефонски разговор со неговата мајка, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година. Иако поминаа речиси три децении од смртта на принцезата Дијана, на нејзиниот помлад син сè уште му е тешко да се помири со фактот дека нивниот последен разговор не се разликувал од кој било друг. Во емотивно интервју за списанието „GQ“, тој откри што никогаш не си простил, но и како научил да живее со таа загуба. „И јас ја изгубив мајка ми прерано. Веќе отворено зборував за тоа дека едно од моите најголеми жалења е поврзано со последниот телефонски разговор со неа. Да знаев дека тоа е нашиот последен разговор, тој ќе изгледаше сосема поинаку. А сега морам да живеам со тоа“, додаде тој. Војводата од Сасекс имал само 12 години кога неговата мајка загинала во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, на 36-годишна возраст. Хари призна дека и денес жали за начинот на кој завршил нивниот последен разговор, бидејќи, како што вели, „само сакал што поскоро да ја прекине врската и да истрча да си игра со роднините“, пренесува Index.hr. Тој објасни дека растењето под будното око на јавноста дополнително му ја отежнало ситуацијата во однос на справувањето со смртта на неговата мајка. „И денес, луѓето многу често ми приоѓаат и велат: ’Точно се сеќавам каде бев на 31 август 1997 година‘. Опкружени сте со луѓе од различни генерации кои јасно се сеќаваат каде биле кога се случило тоа. Потоа ме гледаат мене или брат ми и велат: ’Неверојатно, вие бевте уште деца, дури ни тинејџери. Како продолжувате понатаму по такво нешто?‘“, изјави Хари. Принцот верува дека неговото искуство може да им помогне на другите кои се соочуваат со загуба на сакана личност. Тој се надева дека неговата приказна ќе им даде охрабрување на луѓето кои минуваат низ тежок период и ќе им покаже дека е можно повторно да се пронајде среќата. Тој призна дека со години по смртта на мајка му, ги потиснувал своите чувства и чувствувал вина секогаш кога бил среќен. Сепак, со текот на времето сфатил дека мајка му би сакала тој да продолжи со својот живот и да биде среќен. „Тоа ме ослободи и целосно го промени мојот поглед на животот“, рече тој. Зборуваше за желбата за помирување За време на интервјуто, Хари се осврна и на своето враќање во Обединетото Кралство и зборуваше за важноста на помирувањето. Тој изрази желба семејните несогласувања да останат во минатото, а односите да се подобрат. Смета дека луѓето не треба постојано да се навраќаат на старите конфликти, туку треба да се обидат да најдат заеднички јазик. „Убаво е повторно да се биде овде“, рече тој. Односот меѓу принцот Хари и неговиот постар брат, принцот Вилијам, е затегнат со години, а според медиумските извештаи, браќата ретко комуницираат. Хари, исто така, има затегнат однос со својот татко, кралот Чарлс III. Сепак, портпаролот на Хари нагласи дека неговите изјави во врска со помирувањето не биле упатени кон Вилијам, ниту кон кој било друг член на кралското семејство. Во 2020 година, Хари и Меган Маркл се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија. Нивната одлука дополнително ги заостри тензиите во рамките на кралското семејство, а оттогаш, Хари во неколку наврати јавно зборуваше за своите искуства и конфликти со членовите на семејството. Не е познато дали постои взаемна желба за помирување од другата страна.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРусокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно местоЕдна од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација. За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста. Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти. https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично. Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија. Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00