Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЖивотАнализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапаЦените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Бета 23 Мај 2025 Цените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Така, бугарското Министерство за земјоделство одлучи да основа ланец малопродажни продавници „Продавници за народот“, кои ќе имаат максимална маржа од 10 отсто и ќе продаваат претежно бугарски производи. Бугарската влада обезбеди околу пет милиони евра почетен капитал за околу 1.500 „Продавници за народот“ кои главно ќе бидат отворени во најсиромашните и земјоделските области. Таму, објасни бугарскиот министер за земјоделство Георги Тахов, инфлацијата најтешко го погодува населението кое сè помалку пари може да троши на храна. Целта е првенствено домашната храна и земјоделските производи што подиректно, без крупни посредници, да се доставуваат до потрошувачите. Медиумите во ЕУ и на Балканот ги пренесоа оценките на здруженијата на потрошувачи и производители дека растот на цените на храната значително ги намалува платите и приходите на граѓаните не само на Западен Балкан, туку и во Бугарија, Грција и Хрватска. Општ заклучок на здруженијата на потрошувачи и производители во ЕУ е дека цените на храната растат, земјоделците добиваат сè помалку пари за своите производи, а профитот сè повеќе оди во касите на големите преработувачи и ланци супермаркети. И во самата Европска Унија, на пример граѓаните на Белгија – каде цените на храната во последните неколку години силно пораснаа – во пограничните подрачја речиси сите потребни работи и храна ги набавуваат во Франција и Германија. На Балканот, сите добро знаат дека многу производи во соседните земји се поевтини, а храната и многу други работи се значително подостапни не само за граѓаните на Србија, туку и на Словенија и особено Хрватска, по многу попристапни цени во Трст и околината, каде супермаркетите секојдневно се полнат со словенечки и хрватски купувачи. Француската влада неодамна ги повика директорите на неколку најголеми мрежи продавници за храна во Франција и Германија и побара објаснување за сериозните наоди дека на таен состанок во еден град во Германија се договориле за законски строго забранет картел на цени за прехранбените производи. Претставниците на германските земјоделци и некои пратеници во Европскиот парламент токму на порталот „Проџект-синдикејт“ објавија податок дека само четири големи ланци малопродажни продавници во Германија контролираат 85 отсто од пазарот на храна. „Многу голема концентрација е“, како што беше наведено, и во секторот на преработувачи на земјоделски производи. Германската Комисија за монополи кон крајот на минатата година предупреди дека „големата пазарна концентрација сериозно ги погодува и производителите и потрошувачите на храна“. И српската влада минатата есен соопшти дека подготвува сериозни казни за неколку ланци продавници за храна поради сериозно сомневање дека се договориле за подигање на цените на храната и одржување неоправдано високи маржи. Но, оттогаш нема вести дали надлежното министерство и инспекциите презеле нешто, иако самите граѓани во неколку наврати ги бојкотираа големите ланци супермаркети. Претставниците на земјоделските здруженија во ЕУ и пратениците во Европскиот парламент во соопштение јасно ставија до знаење дека „ако Европа сака во иднина сама да се храни, мора земјоделството да го направи економски и еколошки одржливо … и тоа не со субвенции, туку со воспоставување фер пазарни услови и цврсто одржливи стандарди“. Тие укажуваат дека еден од чекорите треба да биде и она што го презеде германската влада, а тоа е договорите за набавка и продажба на храна да се прават трилатерално, непосредно меѓу земјоделците, преработувачите и продажните ланци, „за точно да се знае какви се пазарно и за потрошувачите оправданите маржи“.Тагови: цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗемјите од групата „Квад“започнува голема воена вежбаЗемјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“. „Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио. Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу биз„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиониШок-признание на мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотелиАктерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот. Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“. Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели. За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом. „Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот. Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот. Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“. Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти. Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари. Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.Тагови: Николас Кејџ Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства. „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески. Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите. На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook