Анализа: Вкупните приходи на 30. најголеми државни претпријатија намалени за 35 отсто - Канал 5

Анализа: Вкупните приходи на 30. најголеми државни претпријатија намалени за 35 отсто

За дури 35 отсто се намалиле вкупните приходи на најголемите 30 претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа во период од 2015 до 2018 година.

Анализа: Вкупните приходи на 30. најголеми државни претпријатија намалени за 35 отсто

Тоа го покажува Финансиската анализа на работењето на државните претпријатија, објавена од Центарот за граѓански комуникации.

Според анализата, просечната стапка на профитабилност за овие четири години изнесува скромни 5,9 отсто.

Целта на анализата е да ја оцени успешноста во работењето на овие претпријатија кои, како што е наведено во анализата, оствариле вкупно 737 милиони евра приходи минатата година и имаат 22.864 вработени.

Наплатата на побарувањата на анализираните компании, според истражувањето, претставува слаба алка на работењето и изнесува 265 дена за четири години, односно 243 дена за минатата година.

– Обврските претпријатијата ги плаќаат во уште подолги рокови, за 514 дена просечно, односно 497 дена за минатата година. Вообичаено во бизнисот компаниите што плаќаат со вака долги рокови се избегнуваат или заради роковите на плаќање им се даваат значително повисоки цени од пазарните, е наведено во анализата.

Кредитната способност, според анализата, покажува дека вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (87 отсто, односно 96 отсто за 2018 година).

– Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од четири отсто (за 2018 година шест отсто), и поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочните обврски, посочено е во финансиската анализа.

Оваа анализа е направена врз основа на пет групи на финансиски индикатори изведени од годишните сметки на претпријатијата за периодот 2015-2018 година и го расветлува работењето на сите 30 претпријатија заедно и за секое од нив одделно. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер