Анализа на нутриционист откако српски репрезентативец изеде масна пица веднаш по натпреварот - Канал 5

Анализа на нутриционист откако српски репрезентативец изеде масна пица веднаш по натпреварот

Ваквиот потег на познатиот српски напаѓач беше критикуван затоа што јаде брза храна наместо да промовира здрава исхрана како спортист.

Анализа на нутриционист откако српски репрезентативец изеде масна пица веднаш по натпреварот

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ (28) пред неколку дена им донесе голема радост на навивачите со голот против Норвешка во натпреварот од последното шесто коло од Групата 4. „Орлите“ се пласираа во Лигата на нацијата А, а својот јубилеен 50-ти гол во дресот на репрезентацијата, Александар Митровиќ го прослави традиционално со парче пица во соблекувалната.

Ваквиот потег на познатиот српски напаѓач беше критикуван затоа што јаде брза храна наместо да промовира здрава исхрана како спортист.

Нутриционистот Милка Раичевиќ анализирајќи го потегот на српскиот фудбалер објасни дека тој не направил никаков грев.

- На овој начин тој ја надополни потрошената енергија по натпреварот. Со пицата тој ги надомести потрошените јаглехидрати, протеини, доколку таа пица имаше некои месни производи, масти, бидејќи сигурно имаше маслинки. Што се однесува до мене, јадењето парче пица по натпреварот не е проблем, особено за врвен спортист како него кој брзо ќе го потроши тоа“, објасни таа.

Како што нагласи Раичевиќ, ништо не е штетно ако не се консумира секојдневно, поголема е штетата ако сте гладни.

Освен тоа, Митровиќ не е единствен, и другите врвни спортисти, исто така, честопати јадат брза храна по напорните натпревари за побргу да ја надоместат потрошената енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Принцезата Шарлен од Монако го привлече целото внимание на Балот на Црвениот крст во блескав златен фустан што спојуваше скулптурални набори, отворен грб и холивудски гламур.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Традиционалниот хуманитарен настан се одржа во салата „Сал дез Етоал“ во Монте Карло и претставува еден од најзначајните летни настани во кнежевството, пишува HOLA.

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлен традиционално ја предводат вечерта во својство на претседател и потпретседател на Црвениот крст на Монако – организација што е поврзана со семејството Грималди уште од 1948 година.

За овогодишното издание, таа избра блескава златна креација која совршено се вклопи во медитеранскиот амбиент. Тесната силуета, раскошните набори и долгиот плашт ѝ дадоа на креацијата идеална доза на елеганција.

Впечатливиот златен фустан има асиметричен изрез и долго здолниште што на суптилен и елегантен начин ја истакнува нејзината фигура. Дизајниран е така што се обвиткува околу телото и ја нагласува силуетата, задржувајќи нота на софистицираност, додека неговиот најголем адут се крие во наборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Голема бела ајкула кружи околу деца во плитка вода

На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.

Видео: Голема бела ајкула кружи околу деца во плитка вода

На интернет стана вирална застрашувачката средба меѓу млада голема бела ајкула и група тинејџери кои не биле свесни за нејзината близина, крај брегот на Јужна Калифорнија.

Снимката од воздух е направена од Карлос Гауна, познат како „The Malibu Artist“, кој го документира однесувањето на ајкулите со помош на дронови.

На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.

Ајкулата ѝ се приближи на групата, очигледно од љубопитност, додека децата воопшто не биле свесни дека потенцијално опасно животно се наоѓа на само неколку метри од нив.

YouTube video

Белата ајкула кружеше во нивна близина неколку мигови, додека пливачите безгрижно продолжуваа да си играат во водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење. 

СДСМ: Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?

Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење.

Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава.

Проблем на еден човек - Христијан Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО која ја презеде државата.

Оваа влада не знае да управува со основните работи што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Нема капацитет, нема стручност, нема системска контрола.

Единственото што добро го познаваат се криминалните тендери и личното богатење.

Во Гостивар дозволија луѓето да се трујат со фекално загадена вода. Сега во Валандово имаме арсен во водата за пиење. Утре ќе биде некој друг град.

Кога институциите не функционираат, кога контролата е слаба, кога се поставуваат луѓе според партиска послушност, а не според стручност - резултатот е токму ова: граѓаните остануваат без безбедна вода за пиење.

Мицкоски и неговата структура се занимаваат со базени, реконструкции и медиумски настапи.

Во меѓувреме, основните системи што треба да го штитат животот на луѓето се распаѓаат.

Ова е последица на нестручност, незнаење и целосен фокус на лични и партиски интереси.

Прашањето повеќе не е само „што се случува во Гостивар“ или „што се случува во Валандово“.

Прашањето е: кој град е следен?

Скопје, 23.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер