Анализа на јавните набавки поврзани со корона епидемијата - Канал 5

Анализа на јавните набавки поврзани со корона епидемијата

Милион и пол евра од досега склучен 71 договор за итните јавни набавки поврзани со заштитата и спречување на ширењето на корона вирусот забележува Центарот за граѓански комуникации за периодот од почетокот на март до завчера.

Анализа на јавните набавки поврзани со корона епидемијата

Најголема е набавката на респираторни машини со вредност од над 909 илјади евра. Но анализата на Центарот покажува и дека во скоро половина од случаите за итни јавни набавки се преговарало само со една фирма.

Најчесто се купувала заштитна опрема и тоа маски, ракавици и скафандери. Но во анализата се забележува различни цени како оние на скафандери за еднократна употреба за кои се плаќа од 177 до 485 денари, но и оние за повеќекратна употреба кои државата ја чинат 1180 денари парче. Она што произлегува како наод, е дека во секој петти договор не се објавуваат ниту количините ниту пак поединечните цени на производите.

Поради овие недостатоци во досегашното спроведување на итните јавни набавки, дел од препораките на Центарот за граѓански комуникации се, да се вклучат повеќе фирми во преговарањето, државните институции секогаш да настојуваат да ја добијат најдобрата вредност за потрошените пари и навремено и детално да ја информираат јавноста за итните набавки поврзани со Ковид 19.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Сојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран има нова мета?

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.

Иран има нова мета?

Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми.

Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним.

„Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер