МакедонијаАналитичарите со поделени ставови за заканите на ДУИ за нестабилностКолку се реални заканите од ДУИ за политичка криза доколку, како што велат, се „чепне“ Законот за употреба на јазиците? Според Петар Арасовски просторот за маневар на Ахмети ќе биде ограничен доколку Уставен се држи до препораките од Венецијанската комисија, а Љуљзим Фаризи пак е на став дека ДУИ само се обидува да влезе во Владата. „ Ако уставен се задржи само на тие одредби потенцијалот за некаква посериозна политичка криза останува мал, особено ако Венецијанската комисија јасно објасни зошто се тие одредби спротивни на меѓународните правни норми. Доколку Уставниот суд по некаков политички критериум укине повеќе одредби можноста за криза се зголемува, но сметам дека таа ќе биде повеќе политичка криза. Мислам дека ДУИ само бара нов наратив на кој ќе може да го залепи своето натамошно политичко делување и не верувам дека тоа може да се претвори во бојкот или неможност за одржување на локалните избори, бидејќи тоа не е во политички интерес на ДУИ“– Петар Арсовски, политички аналитичар. „Се обидуваат со трикови и блефови да ја притискаат Владата да може да ги види како фактор кој ја стабилизира држвата се до цел да ги повикаат да бидат дел од Владата. Тие немаат друга опција освен да креваат тензии. Отидоа и со блефот дека ќе бојкотираат, односно нема да се отворат кутиите на денот на изборите. Тие секогаш се обидуваат да предизвикаат политичка криза со единствна цел да се вратат на власт. “– Љуљзим Фаризи, политички аналитичар. И двајцата се на став дека пораката на американската амбасадорка Агелер дека одлуките терба да се исклучиво во согласност со Законот и ослободени од било какви политички влијанија е јасна и очекуваат токму таква одлука од Уставен за Законот за јазици. „Токму тоа е и пораката на Агелер да се суди само по словото на Законот и евентуално по препораките на Венецијанската комисија и со тоа да се намалат, односно минимизираат можностите за дополнителна политичка криза. Мислам дека повеќе се работи за политичко предателство, а не за суштинско менување на статусот на албанскиот јазик“– Петар Арсовски, политички аналитичар. „Јас мислам дека Уставниот суд и според мене така треба да биде, ќе донесе одлука во врска со Законот за употреба на јазиците согласно Уставот на државата, а не да носат политички одлуки. Ако Уставен донесе одлука во согласност со Уставот очекувам дека ДУИ тоа ќе го прогласи тоа како нивна победа“– Љуљзим Фаризи, политички аналитичар. Подготвителната седница за Законот за јазиците Уставен ќе ја одржи на 20 март, ќе се пренесува во живо и на неа ќе присуствуваат 15 ескепрти, меѓу кои и претставник од Венецијанската комисија. Конечната одлука се очекува да биде донесена во текот на мај или најдоцна јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветКина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт.Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт, и покрај тоа што ја загуби трката за градоначалник на Тајпеј. Кина го смета демократски управуваниот Тајван за дел од својата територија и никогаш не ја исклучила можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада ги отфрла територијалните претензии на Пекинг. Кина: Обединувањето е неизбежно Канцеларијата за прашања на Тајван на Кина соопшти дека ги зема предвид резултатите од изборите, додавајќи дека мнозинството Тајванци сакаат мир, развој, размена и соработка. „Без оглед на промените на политичката сцена на Тајван, тие не можат да го променат правецот и развојот на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец или да го запрат историскиот процес во кој татковината мора и неизбежно ќе биде повторно обединета“, се вели во соопштението. Кинеската влада ќе продолжи „решително да се справува со сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да се спротивставува на надворешното мешање“ и да ја промовира „големата цел за национално обединување“, додаде таа. Тајван му одговори на Пекинг Тајванската влада изјави дека Кина треба да го почитува демократскиот систем на Тајван и одлуките на неговите граѓани и прагматично да пристапи кон резултатите од изборите. Пекинг треба да води разговори со демократски избраната, легитимна влада на Тајван врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, без поставување предуслови, изјави Советот за прашања на континентална Кина на Тајван, кој е задолжен за обликување на политиката кон Пекинг. Кина одбива да разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“. Лаи, кој е и претседател на ДПП, истакнува дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Пред изборите, Кина испрати десетици воени авиони и бродови во Тајван Односите со Кина не беа меѓу главните теми на изборната кампања, која се фокусираше на домашни прашања како што се безбедноста на водата и училишните оброци. Сепак, Кина постојано го критикуваше кандидатот на ДПП за градоначалник на Тајпеј, Пума Шен, пред изборите и му воведе санкции за „сепаратизам“. Во петокот, Кина испрати десетици воени авиони и воени бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.Тагови: Кина Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ЕвропаДесничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети Излезните анкети предвидуваат победа на десниот центар – и мнозинство со учество на крајната десница.Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (десен центар) и партијата „Вокс“ (крајна десница), објави Скај Њуз. Излезните анкети покажуваат дека десниот центар е на пат да освои заедничко мнозинство со крајната десница. Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (PP) од десниот центар и партијата „Вокс“ (Vox) од крајната десница. Анкетите објавени од шпанскиот весник „Ел Мундо“ (El Mundo) предвидуваат дека двете партии заедно ќе освојат околу 184 пратенички места, што е над потребниот праг од 176 места. Сепак, јавниот сервис RTVE проценува дека Народната партија и „Вокс“ би можеле да освојат и помалку – 173 пратенички места – иако исто така наведува дека би можеле да добијат до 182 места. Затворени гласачките места во континентална Шпанија Гласачките места се затворија за гласачите во континентална Шпанија во 20:00 часот. Гласачите на Канарските Острови имаат право да гласаат уште еден час, бидејќи се наоѓаат во иста временска зона како Обединетото Кралство, каде што во моментов е 19:00 часот. Резултатите од овие предвремени избори би можеле да бидат едни од најзначајните во последните децении, со реална можност партија од крајната десница да стане дел од коалициската влада. Како и да е, ќе нема јасен показател за победникот на изборите во скоро време – првичните официјални резултати ќе почнат да пристигнуваат подоцна, а пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае уште неколку дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСе роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес. Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми. Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам. Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.Тагови: пингвин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook