Аналитичарите очекуваат заострување на реториката - Канал 5

Аналитичарите очекуваат заострување на реториката

Една недела од стартот на изборната кампања за локалните избори во земјава дел од политичките аналитичари  велат дека доминираат национални теми. 

Аналитичарите очекуваат заострување на реториката

Според Петар Арсовски постојат различни видови на комуникација во поглед на тоа од каде доаѓаат пораките, дали од политичките партии или од независните кандидати. Од тоа како што вели зависи и степенот на инвентивност на кандидатите.

-Мислам дека туга треба да се одвојат две линии на комуникација. Генерално кај партиите доминираат национални теми кои се поврзани со генерална политика, додека кај настапите кај индивидуалните кандидати локални теми, оние коие се идентификувани како потреби на граѓаните. мислам дека глкавните политички партии не се многу инвентивни во своите комуникациски алатки, додека независните кандидати користат поиновативни, рилсови, поиновативни пораки и поинтересни содржини,- изјави – Петар Арсовски – Аналитичар.

Антагонизам и високи тензии помеѓу партиите, Арсовски вели дека се очекува во следниот дел од кампањата посебно во оние општини каде има блиски резултати, но вистинското „лице“ на партиите, како што вели, ќе го видиме во вториот круг од кампањата.

-Сигурно дека ќе има антахонизам и висока тензија помеѓу партиите. Јас очекувам во критичните општини таму каде што се резултатите блиски, да има и засилена негативна кампања и заострена реторика, но мислам дека вистинското „лице“, така да наречам во кампањата, же го видиме во вториот круг, онаму каде што нема да се изберат кандидати во првиот круг,- изјави – Петар Арсовски – Аналитичар.

Утре почнува втората недела од кампањата од која преостануваат уште 12 дена. Завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборен молк а првиот круг од локалните избори е на 19 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри.

Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри.

По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура.

Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

​СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт.

Ова е проблем што се провлекувал со години, додека Филипче и СДС управуваа со државата.

Прашањето кое треба да го одговорат СДС и Венко Филипче е што тие направија за да ги заштитат граѓаните?

Имено, на 15.09.2022 година имаме извештај во кој пишува дека водата не е безбедна за пиење, а ова е за Гостивар. На ден 07.10 месец подоцна, истата година 2022, додека СДС беше на власт, исто така водата не била безбедна за пиење, но тие не им кажале на граѓаните дека таа не треба да се конзумира.

Два месеци подоцна, 17.12.2022 повторно не е безбедна за пиење поради зголемен број на колиформни бактерии. Ова е време кога сдс е на власт. 21.12 истата година Гостивар. Одиме понатаму.

СДС на власт 24.03.2023 година 21.06.2023 во топли времиња СДС додека беше на власт не им кажа на граѓаните на Гостивар дека водата не е за конзумирање туку ги остави да се трујат граѓаните 05.07.2022 19.07.2022. Ова се документи кои стигнувале до Венко Филипче, но тој не наишол на разбирање.

Почитувани граѓани, овие документи биле доставени токму до Венко Филипче и институциите кои тие ги воделе. Тие располагале со информации, но зошто не ги информирале граѓаните? Тие знаеле за проблемите, но зошто не ги отстраниле?

Еве ако евентуално не знаеле како ја воделе државата. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места.

Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, а не политичко лицемерие.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Нејзината тежина веќе подолго време ја загрижува јавноста, но сега ситуацијата кулминираше.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата.

Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six.

„Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение очекува турнејата да ја заврши здрава, среќна и во голем стил, а потоа да си земе заслужена пауза од постојаните критики и преиспитувања“, изјавил нејзиниот претставник.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со Аријана Гранде?

Тој додал дека турнејата била прекрасно искуство за неа и дека неизмерно уживала во секој настап и во средбите со своите обожаватели.

Во меѓувреме, потврдено е дека Аријана се повлекува и од новата театарска продукција на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во кој следното лето требаше да настапи во лондонскиот Барбикан центар, заедно со актерот Џонатан Бејли.

Најголемата полемика околу нејзиниот изглед започна откако минатиот петок беше објавен видеоспотот за песната „Petal“. Во него Аријана се појавува во облека инспирирана од филмот „Brilliant“, по што социјалните мрежи се преплавија со коментари.

„Премногу е слаба и тоа е загрижувачко“, „Луѓето имаат право да бидат загрижени за нејзиното здравје“, „Буквално ѝ се гледаат коските“, беа само дел од реакциите.

Извор близок до пејачката ги отфрли шпекулациите и истакна дека Аријана е здрава.

„Настапите се физички исклучително напорни и бараат врвна кондиција. Таа секоја вечер настапува на највисоко ниво, здрава е и успешна“, изјавил изворот.

Според достапните информации, 33-годишната Аријана Гранде, висока околу 155 сантиметри, тежи приближно 48 килограми.

Извор: PageSix

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер