Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
2Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
3ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
МакедонијаАналитичари: Претстојниот период ќе покаже дали „чистката“ во врвот на СДСМ бил исправен чекор Времето ќе покаже дали опозицискиот лидер Венко Филипче донел вистинска одлука со длабокиот рез и чистката во врвот на СДСМ, оценуваат дел аналитичарите. Според Петар Арсовски потегот на Филипче за длабоко кадровско освежување е оправдан, но прашање е дали ќе биде доволен. Имајќи ја предвид потребата за катарза и сериозни реформи во СДСМ вели Арсовски покрај нови кадровски решенија на социјалдемократите им е потребно ребрендирање на програмата и организацијата за партијата да се врати на старите патеки. -Тоа е нормален политички шлагворт кога една партија се соочува со криза и неопходност од катарза. Само времето ќе покаже дали Филипче направил вистинска одлука со тоа што не поднел оставка, односно дали овие кадровски промени кои ги иницира ќе бидат доволни за ревитализација на нивната политичка понуда или ќе мора да се направат дополнителни чекори. Ваквите порадикални резови се чекор во вистински правец, но сепак тоа е само еден чекор. Бидејќи во партијата реформите кои треба да се направат не се неопходно врзани само за кадровските решенија туку и за доктрината односно вкупниот политички производ, организацијата на партијата, нивната идеологија, изјави Арсовски. за политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски, пак, е симптоматично што покрај другите високи партиски функционери оставка не поднел и Филипче, како сопствена лична одговорност. Во СДСМ повеќе од потребни се соодветни кадровски решенија за идни функционери, што партијата за нејзино добро мора да ги изнедри, смета Атанасовски. -Многупати сум велел дека рибата смрди од главата, народски да се изразам, односно во Македонија ние имаме електорат кој се поистоветува со лидерите и секогаш велам дека персонално одговорноста после еден таков катастрофален резултат треба да дојде од лидерот. Морам да напоменам дека и после таков катастрофален пораз којшто СДСМ доживеа на локалните избори, примерите со градоначалникот на општина Центар, Герасимовски, градоначалничката на Македонска Каменица, Стаменкова и оној на Крива Паланка, Митовски, се примери каде што и самата СДСМ докажа дека доколку најде соодветни кадровски решенија како кандидати за функионери, граѓаните тоа ќе го препознаат, смета Атанасовски. Кој се ќе се најде на новата листа за врвот на СДСМ и дали ќе има целосно нови имиња или ќе останат некои од досегашните, Филипче ќе одлучува во следниве недели. Тој за Канал 5 изјави дека главниот мотив за големите кадровски промени била новата енергија која според него и е потребна на партијата, а неговите сопартијци му дале одврзани раце да го избере новото партиско раководство и Извршен одбор до Нова Година. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикиниЕдна од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински хаос на мрежите.Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока. Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини. На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЗабаваФото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенствоСветското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста. Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона. Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет. View this post on Instagram A post shared by Eleonora Incardona (@eleonoraincardona) Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени. На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Шоу бизКим Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момчеНајпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна. На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк. Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.Тагови: Ким Кардашијан Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16