Аналитичари: Официјална Софија нема да го промени ставот, без разлика на каква влада има - Канал 5

Аналитичари: Официјална Софија нема да го промени ставот, без разлика на каква влада има

Политичките сучувања во Бугарија и пораките од официјален Брисел по последниот Самит ЕУ -Западен Балкан укажуваат дека ниту идната година не треба да се очекуваат поголеми поместувања во евроинтегративниот процес.

Аналитичари: Официјална Софија нема да го промени ставот, без разлика на каква влада има

Политичките сучувања во Бугарија и пораките од официјален Брисел по последниот Самит ЕУ -Западен Балкан укажуваат дека ниту идната година не треба да се очекуваат поголеми поместувања во евроинтегративниот процес, смета политичкиот Благојче Атанаовски. Според него официјална Софија нема да го промени ставот независно дали во Бугарија има техничка или редовна влада, а можноста тамошниот претседател Румен Радев да формира своја партија, може да доведе и до дополнително заострување на тонот и реториката во однос на билатералниот спор.

„Апсолутно без разлика дали во Бугарија после идните предвермени парламентарни избори ќе се формира некоја нова политичка партија или ќе има техничка влада која повторно ќе организира избори во Бугарија нема да се промени ставот. Доколку во Бугарија се смени политичката карта и Румен Радев учествува во некоја идна политичка власт може да очекуваме само заострување на тонот, а не да се надеваме дека може да има ретерирање од добропознатите бугарски ставови. Апсолутно не постои ниту еден политичар во Бугарија кој може да се согласи на преговарачката рамка или дополнување на истата преговарачка рамка со трет протокол“– Благојче Атанасовски, политички аналитичар.

Можноста за добивање на дополнителни гаранции или услови од Унијата, според Атанасовски е мала, а тоа според него јасно е наведено во заклучоците од данското претседателство и повторено од европските челници и по последниот декемврискиот самит во Брисел.

„Изјавите од страна на европските челници и од страна на бугарските политички лидери одат во таа насока дека не постои можност, ниту простор заљ да се размилува на заобиколкување на веќе преземените обврски од францускиот предлог. Нормално Владата во Македонија пробува да даде проактивна улога во процесот, но гледаме дека тоа се испукани политчки кор фишеци кои не даваат резултат на дело “– Благојче Атанасовски, политички аналитичар.

Премиерот Мицкоски од Самиот во Брисел ги повтори позициите на македонската влада, а тоа е дека идинина на земјава не смее да биде стопирана од политички блокади, а напредокот да се оценува според постигнатите резултати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа.

Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума.

Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства.

ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа.

Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt.

Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците.

Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците

Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап.

„Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе.

Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок.

„Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа.

Тие бараат подолга работа за иста плата

Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените.

Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела.

Затворањето на објектот во моментов е можност

Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер