Аналитичари: Дипломатска офанзива постои, но не треба да се очекува некое големо поместување

Дипломатска офанзива несомнено постои, но не треба да се очекува некое големо поместување преку ноќ – вака дел од аналитичарите во земјава ја оценуваат серијата на посети во Софија и Скопје во обид за деблокада на македонските евроинтегративни проце

Симонида Кацарска од институтот за европски политики, смета дека иако ставовите на дел од земјите – членки како Чешка и Австрија чии шефови на дипломатии е предвидено да пристигнат во Македонија се познати, потребен е притисок и од останатите земји членки за Македонија да го започне процесот на преговори. Подобро е да бидеме позитивно изненадени од исходот отколку повторно да имаме изневерени очекувања – вели Кацарска.

Дека се прават напори за земјава да ги започне преговорите за членство во Унијата, смета и поранешниот дипломат Ѓорѓи Филипов. Според него, расположението кај голем дел од земјите-членки на Унијата, но и во САД е на страната на Македонија.

Покрај Чешка и Словачка кои во повеќе наврати ја реафирмираа поддршката за Македонија, и Австрија во неколку наврати се понуди како медијатор во обид да се крене бугарската блокада за земјава. Поддршката за македонската европска перспектива вчера ја повтори и хрватскиот претседател Милановиќ кој порача дека Македонија направила премногу жртви на патот кон членството, а Бугарија проблемот го користи за свои внатрешно – политички цели.

Се спушти низ најбрзиот тобоган во Европа, забранет за жени и доби 41 милион прегледи (ВИДЕО)

Австралијката Рианан Ифланд е седумкратна светска шампионка во клиф дајвинг, која споделува видеа од нејзините подвизи со своите следбеници на TikTok, а неодамна покажа како се спушти на најбрзиот европски тобоган.

Тобоганот се наоѓа во забавниот парк Area 47 во Австрија, може да достигне брзина и до 80 километри на час, а на него има и натпис дека е забранет за жени, што Австралијката решила да го игнорира.

„Очигледно ова кажува дека жените не треба да одат на овој тобоган“, напишала таа во видеото и додаде: „Сепак решив да одам. Само еднаш, но успеав!“

@rhiannaniffland Went for it anyway. Just once but i did it! 😂 #waterslides #budgysmuggler @Budgy Smuggler ♬ original sound - Rhiannan Iffland

Снимката од девојка која вреска додека се спушта по тобоганот забранет за жени стана вирална и собра дури 41,5 милиони прегледи и 2,4 милиони лајкови, а следбениците во коментарите истакнаа дека објавениот знак укажува на „висок ризик од повреда. "

Инаку, најбрзиот тобоган во Европа беше отворен во 2009 година и првично не беше забранет за жени, но забраната беше поставена по бројните пријавени повреди и консултации со лекарите.

Десетици вработени на аеродромот во Мелбурн се обвинети за поврзаност со шверцери на дрога

Повеќе десетици членови на персоналот на аеродромот во Мелбурн се обвинети дека работеле за организирани криминални групи кои шверцуваат дрога во Австралија.

Истрагата на граничните сили насочена кон соработници на криминалци во синџирите на снабдување на аеродромот откри дека 70 вработени на аеродромот во Мелбурн ги прекршиле безбедносните проверки во изминатите 12 месеци, а некои се осомничени за криминални активности, објави денеска Гардијан.

Граничните сили соопштија дека екипажот на неименувана авиокомпанија бил вклучен во дистрибуција на дрога, додека членовите на екипажот на друга авиокомпанија шверцувале цигари и тутунски производи во куфери со двојно дно, наводно за да избегнат плаќање царина.

Утврдено е дека двајца членови на екипажот на меѓународен лет биле под дејство на нелегални супстанци на должност, што доведе до откажување на најмалку една виза за Австралија.

Началникот на австралиските гранични сили, Кели-Ен Периш, рече дека истрагата користела преносливи рендген машини за скенирање на места за складирање на авиони, места за складирање на аеродроми и места за екипаж.

Периш додаде дека истрагата се уште е во тек и дека на удар се неколку лица во авијацијата со наводни врски со транснационални организирани криминални групи.

Момче се разбудило во шок- во боксерките му влегла кобра,снимена е акцијата за спасување(ВИДЕО)

Млад Тајланѓанец имал непријатно изненадување кога се разбудил во кревет и сфатил дека нешто му навлегло во боксерките.

Испаничен му се јавил на пријател, а потоа сфатил дека „непоканетиот гостин“ е всушност една од најопасните змии на светот – кобра.

Пријателот веднаш повикал експерт за диви животни, а инцидентот е снимен во градот Рајонг, пренесува The Star.

Нер Кваи Таи пристигнал на местото на настанот во придружба на колега и го пронашол младиот човек како лежи на душек поставен на бетон.

Со помош на специјален стап ја фатил опасната отровна змија, додека видеото од спасувачката акција е објавено на Фејсбук на 8 јуни.

За краток период видеото било прегледано повеќе од милион пати, со коментари од бројни корисници.

„Никогаш повеќе нема да спијам“, напишал еден, очигледно преплашен од необичната сцена.

притисни ентер