Ана Стојаноска - член на меѓународното жири на МЕСС во Сараево - Канал 5

Ана Стојаноска - член на меѓународното жири на МЕСС во Сараево

Уметничката директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, на претстојното 63. издание на Меѓународен фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево ќе биде член на жирито на официјалната програма. 

Ана Стојаноска - член на меѓународното жири на МЕСС во Сараево

Фестивалот ќе се одржува од утре до 8 октомври во Сараево.

Стојаноска, како што се наведува во соопштението од МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, ќе ги оценува претставите заедно со Марина Катниќ-Бакаршиќ, професорка на Факултетот за сценски уметности во Сараво и Јана Баскау, продуцентка од Германија.

МЕСС ќе биде отворен со претставата „Калигула“ на Националниот академски драмски театар „Иван Франко“ од Украина. Врвот на европскиот театар низ 12 претстави ќе се претстави со дела од Англија, Литванија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. На фестивалот не учествува театарска куќа од Македонија.

Писателката и професор Ана Стојаноска дипломирала на Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Постдипломски студии завршила на театрологија на Факултетот за драмски уметности, каде магистрирала и докторирала. Работела како истражувач и координатор на Институтот за театрологија при ФДУ. Специјализирала од областа на театарската музеологија. Авторка е на бројни романи и драмски дела, стотина студии и огледи објавени во македонски и странски списанија, како и коавтор на неколку театарски монографии. Пишува и театарски критики. Нејзината поезија и проза се објавени во многу македонски и меѓународни зборници. дма/лв/

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин свика итен состанок (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин свика итен состанок на Советот за безбедност поради Калининград, објави белоруската агенција Некста.

Путин свика итен состанок (ВИДЕО)

На масата пред членовите на Советот за безбедност имало црвени папки со ознака „строго доверливо“.

Вообичаено ваквите состаноци се одржуваат во петок и преку видео врска, но овој пат тие се собраа во среда и лично.

Калининград се смета за едно од главните жаришта на можен конфликт меѓу Русија и НАТО. Путин претходно вети дека ќе го брани „со сите потребни средства“.

Москва постојано го обвинуваше НАТО дека користи воени вежби (како оние предводени од Заедничките експедициски сили) за симулирање на поморски блокади и заземање на Калининград. Како одговор, Русија го воспостави Ленинградскиот воен округ за да ги зајакне своите регионални сили.

Тензиите достигнаа врв по изјавите на балтичките функционери кои разговараа за неутрализирање на одбранбените системи на Калининград. Путин издаде остро предупредување, наведувајќи дека секоја директна воена закана за руските бази или воздушна одбрана ќе биде одговорена со брза и разорна одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сирија го добива првиот парламент по падот на Асад

Првиот парламент на Сирија во ерата по Асад беше формиран, откако привремениот лидер Ахмад ал-Шара назначи 70 пратеници, со што вкупниот број на членови достигна 210.

Сирија го добива првиот парламент по падот на Асад

Првиот парламент во ерата по поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад беше формиран денес со објавување на список од 70 пратеници избрани од привремениот лидер Ахмад ал-Шара.

Шефот на изборната комисија на Сирија, Мохамед Таха ал-Ахмад, им изјави на новинарите дека новиот парламент од 210 членови ќе ја одржи својата прва седница во понеделник, објави „NBC News“. Потоа пратениците ќе положат заклетва и ќе биде избран парламентарниот Претседателски совет.

Списокот од 70 пратеници избрани од ал-Шара вклучува 15 жени, со што вкупниот број на жени членки во парламентот достигна 22. Сириските власти ја одржаа првата фаза од парламентарните избори во октомври, освен во јужната покраина Свеида, која е контролирана од вооружени бунтовници Друзи кои се спротивставуваат на централната влада. Гласањето исто така не беше одржано во североисточниот дел од Сирија контролиран од Курдите во тоа време. Изборите во североисточна Сирија се одржаа во мај откако владините сили ја презедоа контролата врз областа за време на конфликтот претходно оваа година. Сè уште не е одреден датум за гласањето во Свеида, но двајца претставници од регионот се меѓу имињата што ги објави Ал-Шара денес.

Парламентот ќе има 30-месечен мандат и ќе работи на нов изборен закон, додека ќе го подготвува теренот за гласање на следните избори. Сирија е без парламент откако бунтовничката офанзива во декември 2024 година, предводена од сега веќе непостоечката група Хајат Тахрир ал-Шам, го заврши владеењето на династијата Асад.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и нетабилно

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи.

Утре променливо облачно и нетабилно

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер