Ана: Што прави крава во супермаркет? Гледа чоколадно млеко и не и' се верува! - Канал 5

Ана: Што прави крава во супермаркет? Гледа чоколадно млеко и не и' се верува!

Минатата недела во нашата емисија „G Carpet” во недела, гости ни беа Хазим, Јелена и Ана, најпознатите стенд – ап комичари на балканот.

Ана: Што прави крава во супермаркет? Гледа чоколадно млеко и не и

Интересно за нив е тоа што, ниту Ана ниту Јелена, не се актерки, Ана има завршено на факултетот за безбедност и има работено на аеродромот во Белград -„Јас не знам како ќе издржев на таа работа да не беше марихуаната. И кога ќе дојдеше некој странец и ќе ми кажеше „HI” јас бев во фазонот „Yes I am” и многу ми е мило што престанав да го работам тоа.” Јелена по вокација е лаборант, здравствен работник. Само Хазим е актер кој што има играно и во повеќе познати серии.

Хазим:„Кога ме побараа од продукцијата да одам на турнеја со екипата од „Жени кои зборуваат” јас бев - а дали има и дали може да бидат некои жени кои не зборуваат, кои молчат и климаат со глава на се’ што ќе им кажам?”

„За што најмногу сакаш да зборуваш на твоите настапи, со што најмногу ја смееш публиката?“

Ана: „Мене најмногу ме инспирираат луѓето и нивната глупавост, сакам да ги набљудувам луѓето, нивното однесување и ситуациите во кои сами се ставаат. Како на пр. – се вози на екслатор и кога ќе стигне на врвот од скалите застанува и се мисли, не ми е јасно што прават таквите луѓе? Зарем не се свесни дека зад нив има уште 50 души, кои сакале или не, ќе мора да се удрат во нив бидејќи им стојат на патот од кој не може да се тргнат?”

„Дали исмејувате политичари и какви се нивните реакции?”

Јелена: „Да, ама веќе тоа не е забавно и нема што повеќе да се каже на таа тема. Се’ што беше смешно тие веќе направија, не постои веќе ништо смешно што може некој од нив да го каже или направи, а веќе да не е направено, и нема зошто да ги коментираме понатаму. Јас најмногу сакам да зборувам за секс. Политичарите нас сите не е... во здрав памет, а јас им покажувам на луѓето дека тоа не треба така туку, еве видете, тоа се прави вака!“

Јелена: „Мене моите родители кога ме добиле, мајка ми кога ме видела си помислила – Јоој ова сепак ќе биде некое чудно девојче, а на крај излезе – сепак неке чудно момче.”

Хазим: „За мене, на стенд – ап сцената, велат дека сум како Вук Караџиќ. Тој одел по земјите и собирал букви, а јас одам по земјите и им ги собирам „штосовите” на стенд – ап комичарите и потоа ги употребувам во моите настапи. Па продукциите, локалите и т.н. не мора да ги викаат сите стенд – ап комичари, туку ме викаат само мене и јас ги кажувам сите нивни „штосови”, поевтино и полесно е вака. Се шегувам.”

Ана: „Ние одлично поминавме во Охрид, во Белград публиката знае да изненади, да биде добра, кај Хрватите секогаш поминуваме супер, но, македонската публика е најтемпераментна. Кога бевме во Словенија, 500 души во публиката седат а јас зборувам, зборувам, а тие без никаква реакција ниту гримаса, ништо, празно...климаат со главата и тоа е тоа, и по настапот ти доаѓаат и ти велат – лелее колку беше добро. Мене тука ништо не ми е јасно.”

Хазим: „Ние, на нашите настапи, ја кажуваме всушност вистината но, на комичен начин. Тоа се секојдневни ситуации со кои сите се соочуваме, на пример како се однесувате вие како водители, коментаторите како ги коментираат натпреварите, актерите какви се на сцена а какви надвор од сцена, како се однесуваат соседите и т.н. Ние сето тоа го зборуваме само на комичен начин.”

Јелена: „Ако некој ви каже дека на настапите се’ е импровизација, тогаш страшно ве лаже. Јас на пример, размисувам на одрердена тема за која сакам да зборувам, за одреден „штос“, можеби еден месец, ја смислувам, ја правам целата приказна. Па потоа на еден настап пробувам еден начин, на друг настап пласирам друг начин, и така ја менувам и надоградувам финтата, додека не си добие своја форма и не се вклопи во останатиот текст. Ова е нешто што не може да се вежба дома, не знаеш каква ќе биде публиката, како и каде ќе реагира.”

Хазим: „Минатата година тука настапував за компензација и добив кондури. Кондурите ми се бордо, и оваа година дојдов по кошула. Едно по едно ќе си направам комплет.”

Јелена: „Јас, бидејќи настапувам со Хазим, ќе ја искористам емисијава да најавам, обувки 39, маица XXL, да не мора и јас со години да доаѓам за комплет.”

Ана: „Мојот совршен, најглуп штос, кој го имам смислено во животот е- Што прави крава во супермаркет? Гледа чоколадно млеко и не и' се верува! По пласирање на овој штос бев, Ана оди си одма дома и обеси се.”

Јелена: „Мене сега, пред да дојдеме во Македонија требаше да снимиме видео, мене тоа ми е најглупо, значи кога треба да снимам видео како најава тоа ми е врв на мојата глупавост. Значи моите, такви видеа се толку многу глупави, што дури се негледливи.”

Хазим: „Јас, па јас што и да кажам се’ е глупаво. Доволно е само да отворам уста. Јас живеам од глупости. Понекогаш на нашите настапи, кога ќе не понесе атмосверата, знаеме да кажеме нешто што никогаш го немаме кажано и сами да си се смееме на нашите шеги.”

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада

Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.

Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦЕСИД и ИПСОС покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во народното собрание.

Според проекциите, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници.

Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“

 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ  во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер