Ана Ивановиќ во друштво на Федерер во екот на приказната за развод - Канал 5

Ана Ивановиќ во друштво на Федерер во екот на приказната за развод

Некогаш најдобрата светска тенисерка, Србинката Ана Ивановиќ, во екот на медиумските шпекулации за разводот со  легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер предизвика големо внимание откако се појави на концерт на опера

Ана Ивановиќ во друштво на Федерер во екот на приказната за развод

На концертот по повод 150-годишнината од основањето (започна во 1875 година), некогашната најдобра тенисерка се појави во елегантен виолетов фустан.

На еминентниот концерт Ана се најде во друштво на бројни тениски ѕвезди.

На социјалните мрежи дури се појавија и фотки и видеа на кои Ана „позираше“со шпанската тенисерка Габриња Мугуруза, и со неколку други тениски легенди и екс спортисти.

Имено, таму беше познатиот Формула 1 возач Џенсон Батон, како и колегата на Ана од АТП турнејата, Роџер Федерер.

Допир на вечерна елеганција е секогаш вистинскиот избор“, напиша таа, под фотките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

-Работни средби во Вашингтон.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евролигата подготвува нови правила за претстојната сезона

Една од промените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут.

Евролигата подготвува нови правила за претстојната сезона

Раководството на Евролигата официјално ги претстави измените на правилата што значително ќе влијаат врз динамиката на играта и судењето во претстојната сезона.

Една од измените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут, кое сега започнува дури откако играчот ќе ги насочи рамената и топката кон кошот во напаѓачката половина.

Следствено на тоа, контактот што настанува при нагло повлекување на топката на страна повеќе нема да се третира како прекршок при шут, туку како обичен прекршок, додека секое недозволено навлегување во зоната каде што доскокнува шутерот автоматски ќе се санкционира како флагрантен прекршок.

Системот на санкции исто така претрпе значителни измени. Техничките прекршоци сега се поделени на две категории, при што само првиот тип влијае на исклучувањето од игра.

Понатаму, претходниот „неспортски прекршок“ е заменет со „прекршок за прекинување на играта“ (за запирање на брз напад) и „флагрантен прекршок“ (за опасен или насилен контакт). Играчот ќе биде испратен во соблекувалната по добивањето на два технички прекршока од прва категорија, два флагрантни прекршока или комбинација од нив.

Промените важат и за тренерите, кои ги задржуваат своите два „челенџа“ по натпревар, но сега се должни да користат барем еден пред последните две минути од регуларното време.

Дополнително, тренерот се соочува со автоматска дисквалификација ако тој или некој член од клупата стапне на теренот и се меша во контранападот на противникот.

Судиите повеќе нема да издаваат претходни опомени на играчите за неспортско однесување или паѓање; наместо тоа, тие веднаш ќе досудат техничка грешка, додека опомените остануваат применливи само за намерни тактики за одложување на играта.

Нови правила во врска со физичките пресметки. Конечно, правилата во врска со физичките пресметки на теренот, официјалните протести поднесени до записничката маса и почетокот на периодите се ревидирани, додека посебните правила на Евролигата во врска со ограничената зона и специфичните ситуации со скокање остануваат непроменети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер