Ана и Бастијан ги решиле проблемите во бракот?! - Канал 5

Ана и Бастијан ги решиле проблемите во бракот?!

Ги решија ли проблемите во деветгодишниот брак спортските легенди, српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер?

Ана и Бастијан ги решиле проблемите во бракот?!

Славниот германски фудбалер направил „шмекерски“ потег за кој зборува Европа. Бастијан моментално ја промовира Лигата на шампионите на УЕФА, а последната објава од Јужна Африка предизвика општ хаос.

По неколкунеделни шпекулации за турбуленциите во бракот помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швејнштагер, се случил комплетен пресврт. Објавата на германските медиуми дека Ана и Бастијан, по девет години брак, последните неколку месеци живеат одвоено, ги заинтригира сите.

Во прилог на таа теза имаше и приказни дека и двајцата ги симнале бурмите. Сепак, се чини дека дојде до пресврт.

Легендарниот капитен на Германија сега изненади со објава на фотка. Бастијан Швајнштајгер повторно е фотографиран со бурма на раката.

По медиумските шпекулации дека Ана неколку пати се обидела да го спаси бракот, сега вистински потег направи и Швајнштајгер кој веќе на социјалните мрежи не ја следи „причината“ за проблемите во бракот со Амна, новинарката Естер.

Сега германскиот фудбалер го врати венчалниот прстен кој може да се види додека го носи трофејот од Лигата на шампионите. Без венчален прстен е снимен пред десетина дена.

Швајнштајгер претходно патуваше низ светот промовирајќи ја Лигата на шампионите на УЕФА. Последниот пост беше од Јужна Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница.

„Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка.

Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата.

Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинците со петиција бараат повторување на финалето на Светското првенство?!

Аргентинците бараат повторување на финалето на Светското првенство?! Тврдат дека натпреварот бил обележан од корумпираниот судија Винчиќ.

Аргентинците со петиција бараат повторување на финалето на Светското првенство?!

Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето на Светското првенство било „извалкано со контроверзно и корумпирано судење“.

Повеќе од 100.000 аргентински навивачи потпишаа петиција со која бараат од ФИФА да се преигра финалето на Светското првенство против Шпанија.

Тие сметаат дека натпреварот бил одбележан со скандалозното судење на Словенецот Славко Винчиќ и бараат финалето да се одигра повторно, со друг судија.

Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето е „извалкано од контроверзно и корумпирано судење“ и ја повикува ФИФА темелно да ги истражи сите спорни ситуации.

Во описот на петицијата се наведува дека дозволувањето на вакви настани би му наштетило на угледот на фудбалот и се бара финалето да се повтори „без влијание на корумпиран судија“.

Шпанија ја освои титулата светски првак откако ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата во финалето одиграно во Њу Џерси.

Шпанците беа подобриот противник во текот на речиси целиот натпревар, а Аргентина не упати ниту еден удар кон голот на противникот сè до 122-рата минута. Единствениот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута.

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио „Чики“ Тапиа, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство и им порача на навивачите да не бараат оправдувања во теории на заговор.

Аргентина загуби од Шпанија во финалето на Светското првенство, а по голот на Феран Торес и крајот на соништата за одбрана на титулата, во земјата почнаа да кружат бројни приказни за наводен надворешен притисок, вмешаност на ФБИ, закани кон семејствата и други објаснувања за поразот.

Лионел Скалони и Роберто Ајала беа првите што ги отфрлија таквите тврдења, признавајќи дека Шпанија била подобра, а сега истото го стори и Тапија.

„Не наседнувајте на лагите. Тие беа супериорни, нè победија фер и чесно“, напиша претседателот на АФА на социјалните мрежи. Во подолга порака, Тапија потоа ја повика нацијата достоинствено да го прифати поразот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација,

ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација,

Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес.

Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните.

Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година.

Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на спроведување на реформите кои обезбедуваат стабилен, функционален и европски ориентиран јавен сектор, во интерес на сите граѓани и на развојот на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер