Ана Дурловски ја прими титулата Национален уметник на Република Македонија - Канал 5

Ана Дурловски ја прими титулата Национален уметник на Република Македонија

Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, добитничка на европскиот оперски оскар „Фауст“ и прв македонски оперски солист кој настапил на сцената на операта „Метрополитен“ во Њујорк, од денеска ја има и титулата Национален уметник на Република Македонија.

Ана Дурловски ја прими титулата Национален уметник на Република Македонија
Највисокото државно признание во областа на културата на Дурловски и го врачи претседателот Ѓорге Иванов кој во своето обраќање истакна дека таа преку своите арии не потсетува на она што не прави луѓе - нашите чувства, судири, дилеми, соништа и стремежи, особено во денешно време на социјални мрежи кога, како што рече, се повеќе се отуѓуваме едни од други, но и од самите себе.

- На репертоарот на госпоѓа Дурловски отсекогаш биле улоги со особена музичка но и драмска тежина кои бараат голем напор и беспрекорни гласовни и актерски капацитети. На публиката Ана Дурловски и подари многу карактери со доблести и мани, многу приказни во кои ја препознаваме нашата несовршеност, но и нашата длабока потрага за трите нешта заеднички за сите луѓе. А тоа се потребата за љубов, правда и мир. И тоа го постигна во една од најтешките музички и уметнички форми - операта. Исклучителните музички квалитети што ги поседува Ана Дурловски ја прават еден од најреспектираните и најбарани музички уметници како во Македонија, така и во светот, истакна претседателот Иванов.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека со доделувањето на титулата се вреднува влогот на уште еден македонски уметник кој придонесува за меѓународна афирмација на државата и нејзината музичка култура.

- Таа ги освои европските и светските оперски сцени, промовирајќи ја нашата држава како земја на врвни уметници и таленти кои со своето дело го слават името на својата држава низ сите светски меридијани. Ана Дурловски е уметник со импозантна кариера, првиот македонски оперски пејач кој воопшто има настапено на сцената на најголемата оперска куќа во светот - Метрополитен операта во Њујорк каде минатата година ја толкуваше Кралицата на ноќта во „Волшебната флејта“ на Моцарт, улога со која во 2006 година дебитираше на сцената на Државната опера во Виена... Нејзините извонредни креации ја одушевуваат критиката и публиката низ целиот свет и затоа е одликувана со неколку значајни признанија, меѓу кои е и наградата „Фауст’ која се смета за пандан на филмскиот „Оскар“, рече Канческа-Милевска.

Ана се заблагодари за честа што и ја укажала стручната комисија со донесување решение за титулатата. Се заблагодари на својот сопруг, басот Игор Дурловски, со кого заедно ја градеа меѓународната кариера и често имаат настапувано заедно на сцената.

- Кој овие години ме водеше кон патот на успехот, кој ми беше столб, со кој имам три прекрасни дечиња - Максим, Лука и Софија, на кои им ја посветувам оваа награда. Мојот пат не беше лесен, но јас ќе продолжам да го градам и понатаму, со сета искреност, од срце, за себе и за мојата земја Македонија, истакна македонската сопранистка.

Ана Дурловски (Штип, 1978) музичкото образование го почнала во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, продолжила на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност-Скопје во класата на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, каде што ги завршила и магистерските студии. На сцената на Македонската опера и балет дебитираше во 2000 година како Лучија ди Ламермур, а од наредната 2001 година почна да ја развива својата вокална техника во Виена и да соработува со оперски куќи низ светот. Во својата досегашна кариера има голем број водечки солистички улоги на престижните сцени во Москва, Виена, Берлин, Мадрид, Штутгарт, Минхен, Франкфурт, Лозана... и во сите држави во регионот.

Ана Дурловски е петти носител на титулата Национален уметник на Република Македонија, која во изминатите години ја добија: пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчески, естрадниот уменик Есма Реџепова-Теодосиевска и оперскиот пејач Борис Трајанов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер